02 Мај, 2024
0.0444

„Вие сте се однесувале како идиоти“

Објавено во: Колумни 20 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Универзитетскиот професор, Владимир Пивоваров, за Фактор го коментира извештајот на експертскиот тим на Европската комисија, а кој се однесува за Македонија. Брисел го менува досега вообичаениот вокабулар за Македонија, извештајот нотира сериозни забелешки, но и дава насоки како Македонија да излезе од кризата и да се врати на патот кон евроинтеграциите. Според професорот Пивоваров, со овој извештај Европската комисија како да ни вели, вие досега сте се однесувале како идиоти.   Извештајот на ЕК кој пред два дена му беше предаден на вицепремиерот Бесими, а кој беше изготвен од страна на нивните експерти пред се во однос на работењето на УБК не кажува ништо ново од онаа што сите граѓани во оваа држава го знаеја односно само тие сознанија ги потврди. Согласно нашите закони целите и задачите на оваа дирекција се утврдени со закон. За жал, со години наназад кадровата политика наместо да оди во правец на професионализација таа одеше во правец на партизација. Од друга страна во борба со тероризмот и организираниот криминал согласно Законот за кривична постапка и Законот за следење на електронски комуникации, на оваа дирекција и е овозможено во со закон предвидена ситуација да ги следи електронските комуникации на осомничените лица. Криво поставениот закон овозможува до бескрај злоупотреба на системот за следење Меѓутоа, вака како што е поставен Законот за следење на електронските комуникации целосно е дискредитирана контролата над примена на ваквите мерки од страна на собраниската комисија. Токму криво поставениот закон овозможува до бескрај да се злоупотребува системот за следење на комуникации, впрочем тоа се случувало со години наназад, и наместо службата да се занимавала со прибирање на сознанија за заканите од тероризмот и организираниот криминал, таа овој систем го претворила во сервис на владејачката партија за следење на комуникации на политичките опоненти, новинарите, граѓанските активисти, своите неистомисленици но и своите функционери. Нема дистинкција помеѓу партијата и институциите Во светски рамки човековата историја познава многу случаји на злоупотреба на опремата за следење на електронски комуникации, меѓутоа вакво масовно следење на електронските комуникации и ваков мега скандал не е познат. За жал, јавното обвинителство до денешен ден молчи, не превзема никакви мерки во правец на утврдување на институцијата која незаконски следела комуникации но и утврдување на автентичноста на гласовите на лицата кој водат разговори како и проверка на содржината на истите а која укажува на можно извршување на тешки кривични дела. До сега доколку Јавното обвинителство постапеше по супсидијарните тужби или користејќи го законското начело на допрен глас по кој се превземаат истражни дејствија, јавноста ќе беше известена дали се работи за креирани, монтирани или лепени снимени разговори. Но и без вештачење (во законска форма мора да биде превземено) доколку внимателно се пресушаат објавените разовори може да се заклучи дека истите ниту се монтирани, ниту се лепени, ниту се креирани. Ова само ја потврдува тезата за немањето на дистинкција помеѓу партијата и институциите за кои од снимките се потврдува дека функционирале како партиски штабови. Мора да се превземат радикални чекори зошто сепак се работи за државата Не е спорно укажувањето на ЕК, меѓутоа укажувањето за надминување на ваквата состојба воопшто не е дефинирано од нивна страна. На нас останува да изнајдеме начин како најбезболно да го надминеме овој проблем. Потребни се многу експертски дискусии, многу предлози како и на кој начин ова зло да го надминеме. Како и да е мора да се превземат радикални чекори зошто сепак се работи за државата. Во однос на формата и конотацијата во која е искажан овој извештај се внесува нов тон во дипломатскиот речник кој е општо прифатен во светски рамки. Преведено на обичен речник, овој извештај како да ни вели „ вие сте се однесувале како идиоти, престанете со ваквото однесување односно на злоупотреба на УБК од страна на власта “. Генерално овој извештај се однесува на сите државни институции, меѓутоа МВР како најекспониран орган во практицирањето на власта посебно е посочен во спрега со судството и обвинителството. Од овој извештај ни претстои тешка, многу тешка домашна задача на надминување на недостатоците кои со години наназад се таложеле. Популизмот секогаш има куси ефекти но последицит од истиот се многу тешки а токму тоа нам во моментов ни се случува. Пред граѓаните е изборот помеѓу правна држава и криминалот. Трета опција нема. Владимир Пивоваров, универзитетски професор

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина