19 Мај, 2024
0.0269

Виктор Орбан: Ако ЕУ не послушаше, сега таму требаше да има 10 000, а не 1 милион бегалци

Објавено во: Свет 25 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Ако мнозинството од земјите-членки на Европската унија „ЕУ“ ја следеле позицијата на Будимпешта во однос на бегалската криза, денес во Европа требаше да има најмногу десетина илјади бегалци, а не еден милион. Одлуката да бидат прифатени мигрантите во ЕУ е грешка која денес тешко може да се поправи. Тоа, го изјавил унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за весникот „Маджар Идок“. Орбан повторно се огласи против квотата за распределба на мигрантите во земјите од ЕУ. „Прашањето е принципиелно: Дали на Унгарците некој од надвор може да им каже: Вие сте обврзани да живеете со луѓе со кои не сакате да живеете!“.

Според него Унгарија се спротивставила на оваа шема, за да ги заштити своите национални интереси. „Ако унгарскиот парламент одлучи да ги прифатиме бегалци, тогаш ќе ги прифатиме, но нема начин да одобриме квоти и принцип, кои директно ќе ни бидат дадени од Брисел“, истакна унгарскиот премиер.

Виктор Орбан потврдил дека Ангела Меркел „како моќен лидер, со силен карактер и Унгарците имаат причина да ја почитуваат и да и веруваат“. Според него на Меркел и недостасува простор за маневрирање и таа е должна да управува во коалиција. Тој смета дека независно од неусогласеноста на двете земји во однос на миграциската криза, тие можат да останат сојузници, бидејќи лидерите на двете страни го сакаат тоа.

Орбан предупредува дека мнозинството од европските гласачи ќе бидат со левичарски убедувања, а учеството на имигрантите во политиката ќе ја наруши „традиционалната политика на рамнотежа во Европа“.

Поврзувањето на миграциската политика со прашањето за фондовите на ЕУ ќе биде „одмазда и рекетирање кое никој нема право да го прави, бидејќи буџетот беше одобрен многу порано пред тоа“, додал уште Виктор Орбан.

Во однос на иднината на ЕУ, унгарскиот премиер смета дека ако во Унијата има повеќе единство отколку разминување, тогаш ЕУ има иднина и во неговата срцевина е еврозоната, изјавил во заклучок унгарскиот премиер.

Можеби ќе ве интересира

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети