02 Ноември, 2024
0.0299

Виктор Понта: Тигарот на Источна Европа се буди – Романија доживува економска ренесанса

Објавено во: Балкан 18 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Економијата на Романија расте со најбрзо темпо во целата Европска унија , а земјата е подготвена да се приклучи кон еврозоната , изјави премиерот на Романија Виктор Понта пред CNBC , и покрај стравувањата дека корупцијата и недостатокот на структурни реформи се уште можат да ја повлечат државата назад. Романија е подготвена да соработува со програмите за реформи , за кои инсистираат меѓународните кредитори , кои и помагаа на земјата за време на финансиската криза . Таа се надева дека ќе се приклучи кон еврозоната , и покрај непривлечните перспективи за економски раст на групата земји со заедничка валута еврото . Виктор Понта изјави дека неговата земја треба да е " апсолутно подготвена да се приклучи кон еврозоната во однос на економските показатели , инфлацијата и трудовата сила . " "Сметам дека еврозоната нема потреба од уште еден слаб играч , па ние треба пред сè да се подготвиме . Политичкиот ангажман е да се приклучиме кон еврозоната и сметам дека тоа ќе биде од корист за Романија , но и за останатите земји во ЕУ“. Позната некогаш како " тигарот " на Источна Европа , Романија доживува нешто како економска ренесанса на позадината на повеќето развиени пазари во Европа , кои се соочуваат со тешкотии за време на рецесија . Економијата на Романија расте со брзо темпо од две години, во третиот квартал на 2013 година , забележа раст од 1,6 % . За споредба економијата на ЕУ бележи пораст од 0.2 % , а оваа на еврозоната расте со 0,1 % за истиот квартал . Во почетокот на ноември , земјата усвои буџетот за 2014 година, по консултации со ММФ и ЕК во согласност со последната транша од помагала во вредност од 4 милијарди евра . Како дел од барањата Романија ќе воведе нови даноци , но и минимална плата . Понта изјави дека земјата била " целосно надвор од пазарите " во 2009 и 2010 година , додека ММФ и ЕК не се согласиле да и помагаат и дека сега нејзините нови емисии на државни обврзници се препишани по пет пати. Атрактивноста на земјата за инвеститорите може да расте , но таа се уште е прогонувана од обвиненијата за тоа дека корупцијата и бирократијата го попречуваат бизнисот.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД: И Црна Гора прогласи Ден на жалост

ПОРАДИ ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД: И Црна Гора прогласи Ден на жалост

УШТЕ ЕДНА ЖРТВА: Почина извлечената девојка од урнатините

УШТЕ ЕДНА ЖРТВА: Почина извлечената девојка од урнатините

ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО СЕ ПОВИКАНИ НАЈМАЛКУ 20 ЛУЃЕ: Дачиќ рече дека корозија на држачите на натстрешницата е можна причина за несреќата

ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО СЕ ПОВИКАНИ НАЈМАЛКУ 20 ЛУЃЕ: Дачиќ рече дека корозија на држачите на натстрешницата е можна причина за несреќата

САЗДОВСКИ БИЛ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ: Вчера планирал да се врати во Македонија

САЗДОВСКИ БИЛ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ: Вчера планирал да се врати во Македонија

УШТЕ ЕДЕН ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР И АКТИВИСТ ДАДЕ МИСЛЕЊЕ: Посочува што би можела да биде причината за несреќата во Нови Сад

УШТЕ ЕДЕН ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР И АКТИВИСТ ДАДЕ МИСЛЕЊЕ: Посочува што би можела да биде причината за несреќата во Нови Сад

ЃОКОВИЌ ЗА НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД: Моето срце е со настраданите

ЃОКОВИЌ ЗА НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД: Моето срце е со настраданите

ИМ ПОДЛЕГНАА НА ПОВРЕДИТЕ: Во Нови Сад починаа две девојчиња

ИМ ПОДЛЕГНАА НА ПОВРЕДИТЕ: Во Нови Сад починаа две девојчиња

РАМА ОДИ НА СРЕДБА СО АЛБАНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА: Ултранационалистите ќе го пречекаат со протести

РАМА ОДИ НА СРЕДБА СО АЛБАНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА: Ултранационалистите ќе го пречекаат со протести

ТАГА ВО НОВИ САД: Загинаа млад фудбалер и неговата девојка

ТАГА ВО НОВИ САД: Загинаа млад фудбалер и неговата девојка