Винарија Камник со највисок просечен рејтинг на апликацијата Вивино за регионот на Југоисточна Европа
Објавено во: Мои пари 17 Мај, 2023 11:43
Винарија Камник е првата винарија од Македонија што е официјално профилирана на глобално најголемата винска апликација Вивино. Поканата од Вивино за професионална презентација на винаријата доаѓа врз основа на постигнатиот рејтинг на вината Камник, како највисоко оценети од потрошувачите во целиот Југоисточен регион. Според бодирањата од оние што ги пиеле вината на Камник добиена е просечна оцена од 4,37 од 5 а поединечна највисока оцена 4,7, што е најголем и најдобар постигнат рејтинг. Во оценувањето вклучени се сите вина од Винарија Камник што се достапни на пазарот и во ХоРеКа сегментот.

Мерењата на вкусот, квалитетот и преференциите на вината од Винарија Камник се направени преку Вивино (Vivino) најголем онлајн вински маркет и мобилна апликација. Вивино е широко распространета апликација што се користи од голема и разновидна публика љубители на вино, од почетници па се до познавачи и вински експерти. Прелистувањето на листираните вина е преку скенирање на етикетата и досега има вкупно 260 милиони скенирања и бодирања.
Кредибилитетот и автентичноста на Вивино потекнува од базата што ја содржи и понудата што ја создаваат самите корисници. Со пребарувачот може да се разгледа огромната постоечка база на вина со целосно инфо за потеклото и винаријата или да се создаде сопствена колекција употребувајќи го скенерот за брендови со што апликацијата ќе ги даде сите информации за виното: рејтинг, карактеристики на вкус, цена. Базата на податоци на Вивино нуди избор од 12 162 845 врсти вино од 227 174 винарии во 3199 региони.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




