20 Декември, 2025
0.0712

Вип го продолжува трендот на раст и во третиот квартал

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2013 12:25

Добивај вести на Viber

Во третиот квартал од 2013 година, Вип оператор продолжува со својот раст во услови на висока конкурентност на македонскиот телекомуникациски пазар. Вип има повеќе од 645.000 корисници, што претставува зголемување од 3% споредено со истот период минатата година. Вип оператор го зголеми својот пазарен удел до 28,2%, засилувајќи ја својата предност пред третиот играч на пазарот. Во третиот квартал од 2013 г., приходите пораснаа за 7% до речиси 18 милиони евра, како резултат од поголемиот број на постпејд корисници и поголемиот сообраќај. Заработката пред камати, даноци, депрецијација и амортизација (ЕБИТДА) порасна за 34%, споредено со третиот квартал минатата година, до повеќе од 5 милиони евра. Во истиот период, оперативната добивка  двојно се зголеми. - Навистина сме горди и задоволни што Вип оператор ја одржува континуираната динамика на раст. Растот на нашата корисничка база и повисоката профитабилност овозможува Вип оператор да продолжи да инвестира во технологија која ќе го обезбеди следното ниво на  корисничко искуство, како и да обезбеди повеќе вредност за македонските граѓани, изјави Питер Цидек, Главен финансиски директор на Вип оператор. Оваа година, Вип инвестираше 10.3 милиони евра во ЛТЕ лиценца и дополнителен спектар на фреквенции со цел да го подобри квалитетот на своето портфолио на услуги. Телеком Австрија Групацијата денес ги објави финансиските резултати  за третиот квартал и првите девет месеци од 2013 година за Вип оператор. Повеќе информации за Телеком Австрија Групацијата се достапни на http://www.telekomaustria.com/ir

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии