18 Јануари, 2025
0.0269

ВИП, на уникатен начин, го прослави шестиот роденден

Објавено во: Мои пари 19 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Вип ја одбележа шестата година од влезот на македонскиот пазар со раст во сите сегменти, подготвен да се соочи со сите идни пазарни предизвици и да ги искористи можностите кои ги нуди молскавичниот развој на индустријата на мобилни комуникации. И во услови на сè поизразена заситеност на домашниот пазар на мобилна телефонија кој е лимитиран од бројот на потенцијални корисници и просечниот број на мобилни уреди по жител, базата на активни корисници на Вип надмина 620.000, што ја зацврсти компанијата како втор најголем мобилен оператор во земјава со пазарен удел од над 28% и обезбеди стабилен раст на приходите. - Ако нешто добро ги опишува изминатите 6 години од развојот на Вип, тогаш тоа без двоумење е слоганот „Повеќе за вас“. Водејќи се од ова едноставно мото, им овозможивме на корисниците да уживаат во неограничена мобилна комуникација при што тие зборуваат повеќе, а плаќаат помалку. Благодарение на револуционерните промени кои ги воведуваме уште од првиот ден, Вип силно го раздвижи македонскиот телекомуникациски пазар и успеа да го збогати и издигне целокупното корисничко искуство на едно сосема повисоко ниво, изјави Генералниот извршен директор на Вип, Никола Љушев. За интензивниот раст на Вип во изминатиот период и освојувањето на довербата кај корисниците, покај посветеноста на целиот тим на Вип, заслужни се и обемните инвестиции кои надминаа вкупна вредност од 135 милиони евра. Овој процес продолжува во континуитет за што говори и најновото вложување во изградба на 4Г мрежа, каде Вип веќе вложи над 10 милиони евра за добивање на лиценцата. - Имаме одлична стартна позиција во воведувањето на најнапредната 4Г технологија со оглед на тоа што пред една година инвестиравме во новата 3Г ХСПА+ мрежна платформа на која со соодветна софтверска и хардверска надградба ќе бидеме во можност, покрај 3Г ХСПА+ паралелно да обезбедиме и 4Г услуги, што ќе биде нова значајна придобивка за корисниците на напредни мобилни комуникации во Македонија, истакна Љушев. Паралелно, со вложувањата во градење на долгорочен партнерски однос со корисниците и во севкупниот деловен успех на компанијата, Вип и неговите вработени ја продолжија традицијата на обезбедување поддршка на спортот, културата, здравството и други проекти од интерес на пошироката заедница. Како пример за ова е поддршката на Македонската ракометна федерација и Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ со кои Вип го продолжи своето долгорочно партнерство. Уникатно одбележување на шестата годишнина Инспирацијата и страста во работата, како и за лидерството, талентот, мотивацијата, растот и успехот во бизнисот, беа темите на кои се осврна светскиот познатиот говорник, виолинист и претприемач, Миха Погачник, на прославата на шестата годишнина на Вип оператор на која присуствуваа голем број пријатели, партнери и соработници на компанијата. Во својот уникатен и препознатлив стил, Погачник го пренесе сопствениот рецепт за тоа како да се пронајде уметноста и убавината во она што секојдневно го создаваме, како и за тоа колку инспирацијата и страста во работењето се клучни за секој успешен лидер. За главниот извршен директор на Вип, Никола Љушев, главната инспирација во Вип во изминатите шест години беше корисникот и неговите потреби, при што компанијата „со сета страст се обидува да и пркоси на просечноста, работејќи на воспоставување нови стандарди во мобилните комуникации во Македонија“, рече меѓу другото Љушев, во своето обраќање на ова уникатно одбележување на шестата годишнина на Вип.  

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ