ВИП се приклучува кон најголемите еколошки настан: Часот на планета земја 2017
Објавено во: Мои пари 24 Март, 2017 13:07
Вип и оваа година се вклучува во најголемата глобална еколошка активност“Часот на планетата земја”. Оваа сабота, 25 март 2017, во периодот од 20.30 часот до 21.30 часот по локално време, светилките ќе ги исклучат милиони индивидуалци, бизниси, организации и влади во над 178 држави ширум светот, меѓу кои е и Македонија.
Вип во ова најголемо еколошко движење ќе придонесе со симболично гаснење на светилките во своите работни простории, гаснење на најголемата светлечка реклама во дирекцијата во Скопје, како и светлечките реклами во сите продажни салони ширум земјата.
Со цел грижа за животната средина, Вип на своите корисници им овозможува замена на хартиените сметки со електронска сметка, a успешната ресертификација со ISO14001стандардотја докажува усогласеноста на процесите и системите за управување на компанијата во заштита на животната средина.
Во духот на акцијата Вип советува: кога ќе завршите со полнење на вашиот телефон, извадете го кабелот од струја. Само 5% од струјата се користи за полнење на вашиот телефон; останатите 95% се трошат кога ќе го оставите полначот во штекер.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




