01 Мај, 2024
0.0319

Високата технологија на пчелите

Објавено во: Стил 10 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Пчели (Apidae) се ципокрилни инсекти. Приспособени се за исхрана со цветен прав и со нектар. Нивното значење во природата и за човекот е големо, почнувајќи од производите што ги даваат, мед и восок, па до опрашувањето што го вршат кај растенијата. Групата опфаќа видови што имаат солитерен начин на живеење, или пак се здружуваат во добро организирани семејства. Социјалните видови пчели живеат во заедница од 20.000 до 70.000 пчели работнички, една матица и од 800 до 3.000 трутови што се јавуваат само во текот на летото. Секој од овие членови во заедницата врши точно определена работа. Во Македонија е позната расата мариовска пчела од видот европска медоносна пчела.

Ви пренесуваме една занимливост:

За пчелата да им објасни на своите од племето каде точно се наоѓа цветната ливада која ја нашла, а и сама повторно да го пронајде по кој ќе се врати од кошницата до ливадата, таа користи сложена опрема која содржи: систем за навигација и наведнување, внатрешен часовник, сензор на принципот на поларизирана светлина, компјутер за пресметување на аглите на сонцето, инструмент на мерење на прави вертикали, индикатор на правец и брзина на ветрот, тригнометриски сметач и табели, индикатор на брзината на движење во однос на земјата.

Така пчелите без грешка знаат каде се движат, а оваа високо развиена опрема им овозможува секогаш да дојдат до поленот.