26 Април, 2024
0.0272

Вистински патриот!

Објавено во: Колумни 14 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Пред повеќе години бев во Австралија, кај едни наши куќни пријатели. Таму запознав еден човек на моја возраст по име Новица, по потекло Македонец роден во оваа далечна земја. Тивок, молчалив, ненаметлив, со долга коса и опуштен рокерски стил на облекување, правник по образование, секогаш спремен да помогне. Вистински интелектуалец, со големи познавања од македонската и светската историја, а беше во тек и со новите светски истражувања.  Иако не ме познаваше добро, самиот факт дека сум Македонец, дојден во туѓа средина, му беше силен мотив за да се дружиме. Човекот беше вистински патриот. Токму затоа волонтерски имаше и своја емисија на Радио Сиднеј, каде пушташе македонска музика. Тој несебично го поминуваше времето со мене, одевме на неговите предавања на факултет, заедно со него и неговата девојка извозевме илјадници километри по австралискиот брег, ме запозна со сите негови пријатели. Тоа беше човек кој искрено ја сака Македонија, без да критикува кого било. Кога ми зборуваше за Македонците како народ имав чувство како да сум припадник на некоја супериорна раса. Дури и кога ми се ближеше времето за да се вратам, дома во Македонија, ме трогна тоа што ми го понуди неговиот дом за престој, се разбира доколку сакам да останам во Австралија. Контактите прекинаа кога си дојдов дома. По неколку години од моето враќање од Австралија сосема случајно гледајќи вести на ТВ Телма забележав млад човек облечен во костум како држи силно емотивен говор пред десетици илјади наши иселеници. И покрај тоа што врнеше на местото каде се одржуваше собирот, луѓето со ококорени очи гледаа и ги голтаа зборовите што ги изустува овој човек. Во неговиот говор немаше омраза, критика, гнев ниту пак нечие омаловажување. Само силна емоција, факти и многу чувство за тоа што го зборува. Во тој момент си помислив.,кој е овој човек?! Колку се разликува  од нашите политичари кои се гледа дека кога зборуваат не го прават тоа од срце, туку заради тоа што така им е кажано. Првата мисла ми беше, секоја чест за овој млад човек. Но само по неколку секунди, констатирав дека човекот што го држи говорот, е мојот пријател. Потстрижен, среден, во костум, едвај го познав.! Навистина се израдував! Солзи ми дојдоа на очи, во тој момент немаше по горд човек од мене.  Навистина се гордеам што го познавав. За жал вакви фасцинантни луѓе се реткост. И секогаш првата асоцијација за зборот патриот ми е за овој човек. Навистина ми се превртува утробата од луѓето што се нарекуваат патриоти, а тоа го прават само заради лични цели. И се додека никому не му е гајле за државата, туку гледаат само да ја соголат, нема да има вистински патриоти, никогаш! Вистинскиот патриот не е насилник, туку човек кој со аргументи ги брани своите ставови. Човек кој знае да ги почитува другите народи, тој едноставно само ја сака својата татковина и со своето однесување и лична одговорност придонесува секојдневно за личниот и општествениот напредок. Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД