Добивај вести на Viber
Во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ годинава посетителите ќе може да лизгаат на лизгалиштето со вистински мраз, кое по неколку години пауза и лизгање на пластични панели се враќа во Скопје.
Како што најави директорот на спортскиот центар Ратко Капушевски, цената на билетот ќе чини 100 денари со вклучени лизгалки, а лизгалиштето ќе биде отворено и достапно 7 дена во неделата, од ноември до 15 април.
„Од први ноември ќе стартува зимската сезона каде на лизгалиштето ќе се имплементираат различни програми како рекреативно лизгање, тренинзи по хокеј, тренинзи по уметничко лизгање, турнири по хокеј и уметничко лизгање“, директорот на спортскиот центар Ратко Капушевски.
О оваа година продолжуваат тренинзите по хокеј и уметничко лизгање со странските тренери. Тренинзите ќе се одржуваат 4 пати неделно, информираат од СЦ„Борис Трајковски“.