14 Декември, 2025
0.1463

Витаминка исплати К15 за вработените

Објавено во: Мои пари 31 Јули, 2014 11:21

Добивај вести на Viber

Прилепската компанија Витаминка е една од првите компании што на своите вработени им го исплати регресот за годишен одмор - К15. Од компанијата велат дека Витаминка е пример за добар работодавач, а тоа било заклучено и на состанокот на раководството на Витаминка и Сојузот на Синдикатите на Македонија.
„Во Витаминка работат точно 576 лица, секој од нив е подеднакво важен за нас како компанија а и неговиот индивидуален придонес во секојдневната оперативност на компанија. Токму заради тоа ни е исклучително важно секој од нив да биде задоволен и среќен на работното место каде што поминуваме една третина од денот. Сепак Витаминка е компанија со голема традиција и почитување на односите со вработените“, изјави Сашо Наумоски, генерален менаџер на Витаминка.
Оваа консултативна средба беше одговор на заложбите на Витаминка за унапредување на релациите со вработените како и исполнување на сите обврски и барања на кон своите вработени.
„Витаминка е компанијата што е предводник од приватниот сектор во доследно следење и исполнување на своите обврски кон вработените. Но големината на субјектот како и комплексноста на функционирањето на компанијата наметнуваат и некои други дополнителни услови и препораки кои се на релација раководство – вработени, но исто така и меѓу самите вработени. Затоа овие консултативни средби се со двоен бенефит, затоа што разменуваме мислења значајни и за нас како организација на вработените и не упатуваат во правилно менаџирање на нивните барања“, изјавија од Синдикатот.

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија