27 Април, 2024
0.0299

Влада: Од септември за 10 отсто повисоки плати во образованието

Објавено во: Македонија 14 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Владата соопшти дека вработените во високото образование и науката од септември ќе добијат за 10 отсто повисоки плати, а ќе им биде исплаќан и минат труд, кој само некои од установите го исплаќале досега.

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура СОНК за првпат потпиша колективен договор со Министерството за образование и наука. Независниот академски синдикат (НАкС) исто така се приклучи кон колективниот договор, велат од Владата.

„Со вклучувањето на НАкС во колективниот договор за првпат во 30 години независна држава, професорите директно преговараа за своите права со МОН, без посредство на раководните структури на државните универзитети. Од синдикатите сметаат дека овој колективен договор е исклучително важен за правата на работниците, во однос на решенија на системски проблеми кои ги засегаат вработените во секторот со години, социјалниот дијалог и регулирањето на односите помеѓу различните чинители и препознавањето на што е значајно во политиката на високото образование и науката.

Со новиот Колективен договор е направен чекор во позитивна насока, да се реализираат барањата од првите две години на петгодишниот предлог план. Очекуваат унапредувања на правата на сите вработени и реализирање на зацртаните барања во целост и дека со забрзано темпо ќе се реализираат по завршување на здравствената криза со пандемијата“, се вели во соопштението.

Колективниот договор ги нормира и унапредува правата на работен однос во секторот високо образование и наука: вработување, унапредување, право на годишен одмор, право на платено и неплатено отсуство, право на отпремнина, заштита од отказ, услови за парична помош, синдикална организација итн. 

Од таму велат дека со новиот начин на пресметка, платата во оваа дејнсот ќе расте заедно со просечната плата, со што ќе се оневозможи стагнирање на платите како во изминатиот период. 

„Дополнително, во основната компонента на платата, ќе се исплаќа и минат стаж. Колективниот договор го утврдува и горниот праг на оптовареност на наставниот кадар со задолжителна настава и прекувремен број на часови. како и исплаќање на преекувремената работа“, информираат од Владата.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“