Добивај вести на Viber
Во Буџетот за 2014 година одвоени се вкупно 80 милиони денари за субвенции за потрошена енергија која е наменета за 10 илјади корисници на социјална парична помош и на постојана парична помош, пишува Вест.
Заклучно со јули годинава, вкупниот број на корисници на правото на социјална парична помош (35.619) и на постојана парична помош (5.648) изнесува 41.267 корисници. Причините што субвенциите во Буџетот се проектираат за 10.000 илјади корисници, наместо за 41.267, според Министерството за труд и социјална политика, е што големиот број од корисниците не успеваат да ги исполнат условите да ја добијат субвенцијата, бидејќи не ги плаќаат сметките.
Секоја година, по донесување на Буџетот, Владата носи и програма за субвенционирање на потрошувачката на енергија. На пример, во програмата за 2013 година, стои дека корисник може да биде оној што ги платил сметките од 1 јануари до 31 декември 2013 година. Ако износот на сметката е помал од 700 денари, тогаш на корисникот му се исплаќа субвенција до износот на сметката.