Добивај вести на Viber
Дваесет стипендии за студенти и постдипломци за изучување на старотурски јазик нуди македонската Влада. Во земјава се останати само малкумина што го владеат старотурскиот јазик, а во истовреме има голем непреведен архивски материјал од османлискиот период токму на овој јазик, појаснува премиерот Никола Груевски.
„Сите овие лица имаат однапред загарантирано вработување од страна на три институции каде што може да бидат искористени со познавање на старотурскиот јазик, а тоа е Државниот архив, Институтот на национална историја или МАНУ. Во една од овие 3 ќе бидат вработени веднаш по завршување на додипломските или постдипломските студии. Тоа е атрактивна понуда за сите кои имаат афинитет кон овие студии или се невработени“, смета Груевски.
Освен ова, според него, атрактивноста на овие студии е и во можноста за брзо вработување и надвор од Македонија.