Владата утре зема нов милионски кредит
Објавено во: Економија 08 Февруари, 2016 18:13
Во пресрет на подмирувањето на старите долгови кое треба да се изврши во среда, владата утре ќе се задолжи за идентична сума кај домашните кредитори.
Преку аукција на државни хартии од вредност Македонија ќе се задолжи со 7,97 милиони евра.
Заклучно со декември 2015 година јавениот долг изнесува 4 милијарди 224 милиони евра, или 47 % од бруто домашниот производ, што е највисоко ниво измерено до сега.
Од почетокот на годинава, владата закажа четири аукции,а одржа три.
Последното задолжување кое требаше да се одри минатата недела беше откажано без објаснување, откако дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов кој претходно го оспори одржувањето на аукцијата најави дека ќе побара одговорност.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак, обвинија дека Наумов ја попречува реализацијата на буџетот и го крши законот за буџет за што според партијата,тој треба д апонесе одговорност.
Можеби ќе ве интересира
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри




