29 Април, 2024
0.2147

Владата втор пат ќе го „решава“ загубарот Еурокомпозит каде вријат штрајкови

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Владата на Република Македонија по втор пат во својот досегашен мандат ќе го решава проблемот со државниот загубар Еуркомпозит бидејќи очигледно јунската спогодба меѓу раководството и синдикатот на вработените не даде резултат бидејќи тие се повторно незадоволни и во текот на изминатите месеци редовно излегуваа на штрајкови и протести. 

„Владата на својата редовна, 32 седница, усвои информација со предлози за надминување на состојбата во Друштвотo за производство на производи со посебна намена „11 октомври-Еурокомпозит“ АД Прилеп. За таа цел, Владата ги задолжи Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, д-р Кочо Анѓушев, и Министерството за финансии, во соработка со Генералниот Секретаријат да подготват соодветен акт за надминување на состојбата во оваа компанија“ соопштија од Владата за донесената одлука.

Како што рековме ова не е прв пат Владата да носи одлука на седница поврзана со Еурокомпозит. Во јуни годинава некаде на почетокот на мандатот исто така вицепремиерот Анѓушев беше задолжен за изнаоѓање решенија.

„Владата на Република Македонија најде решение и за проблемот со државното претпријатие 11 Октомври Еурокопмозит, чиишто вработени штрајкуваат поради неисплатени плати. Овластен е вицепремиерот за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, во име на Владата да потпише спогодба помеѓу раководството на Еурокомпозит и претставниците на градскиот синдикат СЕИР, со којашто секоја од страните ќе биде должна да го реализира својот дел од преземените обврски и претпријатието ќе продолжи со работа, а вработените ќе можат да земат плата, стоеше во јунската седница на Влада.

Потоа работниците на Еурокомпозит тврдеа дека потпишаната спогодба не се почитува. Вработените на Еурокомпозит во текот на овој месец како и во август и јули повторно излегоа на протести во Прилеп бидејќи заостанатите плати не им се префрлени, односно добиле само дел за јануари, а тврдат дека веќе 5 години не им се плаќаат придонесите за пензиско осигурување. 

Новиот директор на „Еурокомпозит“ Александар Кузески велеше дека не го оспорува правото на штрајкот на вработените бидејќи ситуацијата во „Еурокомпозит“ е тешка со години. Како што укажува почнати се преговори со Владата за поголем пакет средства.

Кузески за кого некои медиуми тврдеа дека ќе го воскреснел „Еурокомпозит“ инаку доаѓа од партиската организација на СДСМ во Охрид каде своевремено беше и портпарол.

Претходно со Еурокомпозит директоруваше Марјан Додевски кој од Народна премина во ВМРО-ДПМНЕ. Тој како директор го доведе во загуба од над еден милион евра за 2016 година, а приходите ни одалеку не можеа да ги покријат само трошоците за вработените. Така лани, приходот од продажба на компанијата бил одвај 40 милиони денари, а трошокот за вработените бил 58,55 милиони денари. 

Вкупните трошоци на компанијата лани се 110,56 милиони денари и од приходите се повисоки за 68,8 милиони денари. Дека приходите на Еурокомпозит се топат покажуваат и бројките, во 2014 година имале приход од 100 милиони денари, а во 2015 година 65,5 милиони денари. 

Сметката на друштвото е блокирана за износ од 136,5 милиони денари (над 2,2 милиони евра) и има опомена за враќање на позајмица во износ од 15,75 милиони денари од Министерството за финансии. Акумулираната загуба на Еурокомпозит е и најголемиот проблем бидејќи достигнала неверојатни 1,17 милијарди денари. 


Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи