„ВЛАДЕЕ“ ОПАСЕН СТОМАЧЕН ВИРУС СО ТЕМПЕРАТУРА ДО 39: Д-р Трајковски предупредува и советува
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2022
Д-р Бојан
Трајковски од Ординацијата по општа медицина „Медика Вера“ на својот профил на
Фејсбук предупреди на сериозен стомачен вирус. Посочи на симптомите и советува
како да се постапува:
Хара доста сериозен стомачен вирус!
Многу силни стомачни болки, грчеви страшни, силна треска, температура до кај 39, честа дијареа, нагони на повраќање...нема што нема од симптоми!
Влезе ли у фамилија ги проаѓа сите.
Изолирајте се, течности што повеќе, лесна храна, пробиотици уште од сега, спазмолитици по потреба, антипиретици и во крајна нужда и инфузиона терапија.
Држи неколку дена па затоа трпение, одмарање и без паники!
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.