20 Декември, 2025
0.1226

ВЛАСТА ПОРАЧУВА, НЕ ЗАМИНУВАЈТЕ: секојдневно се отвораат по 500 работни места!

Објавено во: Економија 05 Февруари, 2016 09:06

Добивај вести на Viber

Дали Македонците кога ќе излезат надвор од границите на земјава успеваат или се мачат? Властите во земјава уверуваат дека Македонија станува се подобро место за живеење и дека се повеќе се отвораат работни места, а надвор не тече мед и млеко. Влатко Поповски, директорот на Агенцијата за вработување објаснува дека од 100 заминати луѓе само петмина постигнауваат успех. „Во Македонија секојдневно се отвораат отприлика околу 500 до 600 работни места. Еве од вчера се отворени првите работни позиции за Џонсон Контрол во Штип каде се бараат многу лица. На нашиот сајт ќе бидат објавени тие работни огласи. Само добар маркетинг е дека надвор од Македонија се заработува многу подобро. Ако тоа работно време што се работи во западните држави го работиме во Македонија приближно исто ќе заработиме за соодветен живот во Македонија“, вели Поповски. Лекарски егзодус: Шпанија ми го даде тоа, што во Македонија можев само да го сонувам! РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА НА ОГЛАС: Голема измама или остварување на сништата? ДОСИЕ РАБОТА НА БРОД: Борба за егзистенција или авантура?! Навистина, надвор има различни примери, иако повеќето што сме ги интервјуирале тврдат дека условите се далеку подобри, особено за професиите што се дефицитарни во Европа или светот, како за лекарите, инжињерите, информатичарите. Но се разбира има и различни примери, како што ќе забележите во дел од нашите текстови. Според демографот Душко Герасимовски, кој е и поранешен директор на Државниот завод за статистика, причините за масовно иселување на младите  се пред се економски и социјални,  а потоа и образовни. Статистиките вели се поразителни, особено оние спроведени според европски параметри. Домашни точни бројки и проценки нема, или некому не му одговараат резултатите. “Жално е млад и високо образуван стручен кадар во кој е вложено многу од страна на државата да заминува надвор, а и оние кои се образуваат надвор исто така поретко се враќаат назад. Зошто? Затоа што условите за живот се подобри, затоа што економски се помоќни и затоа што имаат некоја сигурност. Нивното заминување има големо влијани во структурата на населението посебно во старосната. Денеска нашата земја  има скоро 20% учество во вкупното население на возраст над 60 години. Денеска имате депопулација на населенито во четири региони во земјата, околу 50% од општините кои имаат негативен природен прираст. Младите поради наведените причини покасно стапуваат во брак, затоа и бројот на склучени бракови се намалува, возраста не дозволува потоа многудетно семејство, немаат сугурност во вработувањето или ако се вработени и бремени дали повторно ќе се вратат на работа” -вели Герасимовски. Причини за заминување Причините за младинското иселување се различни, вели Ивана Давидовска од Националниот младински совет. Од економски до политички. Најголемата “невозвратена лубов” за заминување на младите   вели  е онаа од институциите. Проблемот го лоцира во непостоењето на одржливи мерки  кои ќе им гарантираат сигурно вработување и брзо интегрирање на пазарот на труд како и ниските примања кои неможат да ги задоволат ниту основните трошоци за живеење. “Во време кога младите со години ја сочинуваат најголемата категорија на невработени граѓани која во последните десет години е над 50%,  кога не постојат одржливи мерки кои гарантираат нивно вработување и брзо интегрирање на пазарот на труд, кога се постојано жртви на токензимот и манипулативното вклучување во системот, и воопшто не се признаени како категорија на граѓани, ниту системски ниту буџетски (на пример буџетот за млади на Агенцијата за млади и спорт со години изнесува 0.00 ден), не ви преостанува ништо друго, освен таа љубов да ја побарате на друго место, oдносно друга држава”-вели Ивана Давидовска, Член на Надзорниот одбор и поранешен претседател на Националниот младински совет на Македонија. Се на се, вистината секогаш не е сосенма црна или сосема бела, некогаш зависи од диоптријата со која ги гледате работите! Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри