Влатко Ѓорчев пред претседателските избори до Мајк Пенс: И Македонија не треба да го признае Мадуро
Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2019
Влатко Ѓпрчев, засега најсериозниот познат кандидат за претседател на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, му упати писмо на потпретседателот на САД Мајк Пенс во кое го известува декас не го поддржува режимот на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
„Почитуван потпретседателе Пенс, Би сакал да Ве поздравам, подвлекувајќи ги пријателството меѓу Македонија и САД. Би сакал да искажам поддршка на Вашите ставови и политиката на САД предводена од претседателот Доналд Трамп во однос на кризата во Венецуела. Насилниот и антидемократски режим на Мадуро веќе нема легитимитет. Време е за мирна и демократска транзиција. Време е демократските влади од целиот свет да ги признаат новите власти во Венецуела“, вели македонскиот пратеник во неговото писмо.
Инаку Хуан Гваидо е прогласен од САД за претседател на Венецуела, откако самиот го направи тоа самопрогласување по избивањеро на бран на масовни протести во Венецуела.
„Европската народна партија (ЕПП) јасно ја осудува тиранијата врз народот од режимот на Мадуро, како и Манфред Вебер, нашиот кандидат за претседател на Европската комисија од редовите на ЕПП. Владите на Германија, Франција, Велика Британија и Шпанија јасно порачаа дека наскоро би можеле да го признаат привремениот претседател Гваидо. Лично сметам дека Претседателот, Владата и МНР на Македонија треба заеднички да заземат став за признавање на привремениот претседател на Венецуела“, пишува дополнително во писмото на Ѓорчев.