19 Мај, 2024
0.0299

ВМРО-ДПМНЕ бара да се намали акцизата, СДСМ ги обвини дека глумат загриженост

Објавено во: Економија 14 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Сведоци сме дека недела по недела, месец по месец, откако дојде Владата на Зоран Заев и Драган Тевдовски, цената на дизелот оди нагоре, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, во прес-центарот на Собранието.

Од 46 денари, сега цената ќе биде 63, вели тој. Граѓаните на Република Македонија плаќаат енормно високи цени поради неодговорната фискална, буџетска и економска политика на Владата на Зоран Заев и Драган Тевдовски, додава Ѓорчев. 

Тој апелира до пратениците од СДСМ на претстојната Комисија за финансирање и буџет, како и до владините претставници од СДСМ и Зоран Заев, да го прифатат разумниот предлог од ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е да ја анулираат акцизата од 3,5 денари што ја наметнаа на 1 јануари. 

„Нека најдат начин да си го пополнат буџетот, нека најдат начин да привлечат инвеститори, нека најдат начин да ги исполнат сите оние многубројни ветувања што им ги ветија на граѓаните. Овие високи цени на дизел-горивото се одразуваат на секое семејство, се одразуваат на превозниците и на целата економија во целост. Ако еден резервоар пред само неколку месеци се полнел со 1.500 денари, сега истиот тој резервоар се полни со 2.400 денари. Ако еден резервоар во камионскиот превоз од 1.000 литри се полнел со една сума, сега со секое полнење е поголемо 3,5 денари за литар“- вели Ѓорчев.

Од тие причини, поради растењето на цената на горивата, се доаѓа до зголемување на цените во малопродажбата, особено на производите за широка потрошувачка. Се влегува во една спирала на зголемување на цените, спирала на инфлација, а истовремено платите и пензиите во Македонија не растат.

ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост, акцизата не влијае врз раст на цените, преку конкретни мерки се обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ партијата којашто со криминалното, неодговорно и расипничко владеење го урниса животниот стандард на граѓаните, денес како опозиција продолжува со лицемерно однесување и лажна загриженост, се наведува во соопштението на СДСМ.

„Зголемувањето на акцизата за нафтата не влијае на покачување на цените на мало. Сите енергенси учествуваат со 10 отсто во вкупната цена на производите, а акцизата е зголемена за само мал дел од тие 10 отсто, што е незначително за вкупната цена. Залудни се обидите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку демонстрирање лажна загриженост да ја манипулира јавноста. Граѓаните чувствуваат реални придобивки од успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ“- одговараат од СДСМ. 

Растот на минималната и просечната плата, зголемените пензии и субвенции за земјоделците, намалувањето на трошоците преку укинување на радиодифузната такса и воведувањето евтина тарифа на струјата се мерки што обезбедуваат повеќе пари назад кај граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници