18 Мај, 2024
0.0327

ВМРО-ДПМНЕ до Али Ахмети: Кој лидер има машина за броење пари во канцеларија?

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Откако вчера го обвини дека во домот има див приклучок на струја, ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека има бројач на пари во кабинетот, алудирајќи на фотографија која излезе во јавноста во 2018.

„Во канцеларијата на кој лидер во светот наместо книги, стои машина за броење на пари, како што е случајот со Али Ахмети. Тоа е доказ дека ни права ги интересираат, ниту имаат чувство за грижа за народот, туку само тендери и договори во четири очи.

ДУИ го нема монополот кај Албанците, а на тоа треба да реагираат и Алијанса на Албанците, и БЕСА, и Алтернатива и сите останати партии.

Критиките кон ДУИ не се критика кон Албанците, туку критика кон криминалците кои ги злоупотребуваат сите граѓани.

Затоа денес имаме влада администрирана од Ковачевски, а вистински водена од ДУИ на Груби, Бектеши, и Османи, влада без резултати, каде од зелена агенда ја признаваат само зелената боја на парите. И Македонците, и Албанците со СДСМ и ДУИ живеат се потешко“, гласи дел од соопштението на најголемата опозициска партија.

Лидерот на ДУИ во просторија за која се верува дека е неговиот кабинет во партиското седиште во Мала Речица тетовско има машина за броење на пари сместена покрај работното биро, покажа фотографијата објавена во 2018.

Оваа слика е направена непосредно по усвојување на законот за употреба на јазиците и на неа може да се забележи како Али Ахмети погледнува кон портретот на Адем Јашари кого албанската заедница го дожувува како свој херој. 

Сепак, апаратот за броење на пари кој е во позадина збуни многу луѓе, а истиот беше повод и за критики на социјалните мрежи, како и на опозициските албански медиуми.


Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?