ВМРО-ДПМНЕ: Фирма ангажирала консултант од СДСМ за да добие грант од Фондот за иновации
Објавено во: Финансии 29 Јули, 2018
ВМРО-ДПМНЕ претпоставува дека претпријатие, за да добие грант за проект од Фондот за иновации и техноошки развој, ангажирало член на СДСМ како консултант.
„Денес јавно сакаме да поставиме неколку прашања за уште едно скандалозно доделување на пари од еден од 79те проекти што ги додели Фондот за криминални иновации.
Изминативе денови од медиумите го запознавме лицето Никола Мемов, кој што инаку е долгогодишен член на СДСМ, кој на социјалните мрежи може да го видите со еден куп слики со раководството на СДСМ, како јавно се фали дека негов проект е еден од наградените проекти.
За која фирма од наградените Никола Мемов бил консултант и го подготвувал проектот?
Колку пари добила фирмата каде што членот на СДСМ Никола Мемов подготвувал проект?
Кој е сопственик на фирмата која што го ангажирала членот на СДСМ Никола Мемов и за каков проект се работи?
Дали ова е начинот на кој што имало влијание од страна на Никола Мемов врз неговите партиски колеги да го добие неговиот проект и каква награда земал за истиот?“ прашува Димче Арсовски во име на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој го повика Јавното обвинителство да постапи согласно законите и да го заврши овој случај според фактите. Додаде дека од морални причини треба да има оставки и дека сите „сомнителни“ заедно се соучесници.