01 Мај, 2024
0.0280

ВМРО-ДПМНЕ го оспори новиот директор на Спортска академија

Објавено во: Македонија 18 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција го истакна партискиот став за оспорување на Владимир Лазаревски како нов директор на Спортската академија бидејќи според нив бил нестручен и несоодветен кадар за оваа институција.

– Само неколку дена откако Дејан Јовановски беше именуван за член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, владата на СДС го разреши од функцијата директор на Спортската академија, а на негово место назначи професор по историја. Па така спортската академија наместо докажан спортист ќе ја води Владимир Лазаревски професор по историја. Замислете, професор по историја, ќе ја води Спортската академија. Го прашуваме Зоран Заев какво спортско достигнување има Владимир Лазаревски или дали бил дел од некој спортски клуб? Со какви искуство во спортот ќе придонесе за развој на оваа академија?, праша Ѓорѓиев.

Тој додаде дека Дејан Јовановски крајно професионално ја вршел работата како директор на академијата, а позицијата ја добил поради неговото искуство во областа на спортот, односно како поранешен кошаркарски интернационалец, поранешен секретар на Македонската кошаркарска федерација и директор на КК „Работнички“.

– Водејќи се по принципот на Заев од „чистачка до директор“ за партизација на институциите, очигледно дека на СДС не му се важни успехот и придонесот во полето на македонскиот спорт, а со тоа и успех и придонес за Македонија како земја. На СДС важно му е само да намести партиски кадри кои не мораат да ги водат институциите на професионално и високо ниво, туку да работат како Зоран Заев ќе нареди, рече Ѓорѓиев.

Според него било крајно несериозно и срамно Спортската академија наместо докажано лице во областа на спортот да ја води лице кое немало искуство во спорт.

– За безобразното однесување на СДС и хаосот кој планираат да го создадат и во македонскиот спорт ќе следи политичка одговорност и нивните несериозни политики граѓаните ќе ги казнат на престојните локални избори, рече Ѓорѓиев.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија