17 Мај, 2024
0.0306

ВМРО-ДПМНЕ: Грижата на СДС кон земјоделците е лицемерна, пари има

Објавено во: Македонија 13 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Тиранската платформа за криминогеното раководство на СДС е поважна отколку судбината на земјоделците и иднината на Република Македонија, соопшти ВМРО ДПМНЕ реагирајќи на изјавата на Љупчо Николовски од СДСМ кој на прес-конференција рече дека земјоделците и нивните семејства се оставени без субвенции во време кога им се најпотребни за вложувања.

- Грижата на СДС кон земјоделците е лицемерна. Затоа криминалецот Заев ги испраќа своите послушници по којзнае кој пат да се обидат да ја изманипулираат јавноста. Тие се прочитани и одамна осудени и од земјоделците и од целиот народ. Земјоделците знаат дека единствено ВМРО ДПМНЕ се грижи за нив и подобрување на нивниот стандард. За разлика од СДС кој за време на нивното владеење имаше издвоено нула евра за субвенции, за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ како субвенции на земјоделците им се доделени преку една милијарда евра, пишува во соопштението-реакција на ВМРО ДПМНЕ. 

Партијата наведува дека ќе стори се за, како што пишува во реакцијата, да ја надмине деструктивноста на СДС со што нивниот труд ќе биде соодветно валоризиран, односно ќе ги добијат заслужените субвенции. 

- Пари во буџетот за субвенции има. Тие се програмирани и треба да бидат исплатени.  Очигледно е дека СДС нема намера да се откаже од тиранската платформа и од политиката спротивна на највисоките државни и национални интереси. Како што не им успеа да ја протнат тиранската платформа во Собранието, така нема да им успее да ја блокираат државата, пишува ВМРО ДПМНЕ во соопштението со кое реагира на прес-конференцијата на Љупчо Николовски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање