ВМРО-ДПМНЕ: Нина Фити ќе работи за Владата во Светска Банка
Објавено во: Економија 05 Октомври, 2018
ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини власта дека ја ангажорала Нина Фити, ќерката на академикот Таки Фити, да ја претставува Владата во седиштето на Светска Банка во Вашингтон, САД.
- Сега е јасно зошто Таки Фити, како претседател на МАНУ, го промени својот став за толку кусо време. Во јули викаше дека ерга-омнес е неприфатлив, а потоа во септември пред референдумот ставот му гласешпе дека треба да има уставни измени и преспанскиот договор е прифатлив - истакна гласноговорникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Нина Фити до сега работеше во приватниот финансиски сектор во Македонија.