ВМРО-ДПМНЕ против 58-часовниот карантин
Објавено во: Македонија 21 Мај, 2020
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не се согласуваат со предлогот за 58-часовен карантин во текот на продолжениот викенд кој ќе ги опфати празниците Рамазан Бајрам и Св.Кирил и Методиј.
"Нелогично е да се објави дека рестораните ќе бидат отворени од вторник, додека ќе биде задолжително да останете дома во текот на продолжениот викенд. Со други зборови, недела и понеделник се опасни според владата на СДСМ, додека вторникот не е", велат од ВМРО.
Од најголемата опозициска партија ценат дека и за празникот Велигден рестрикциите на движењето биле многу строги и дека сега повторно го споделуваат истото мислење за следните два празници.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.