19 Мај, 2024
0.0759

ВМРО-ДПМНЕ: Секое едно семејство е задолжено за нови 600 евра

Објавено во: Економија 08 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Психолошката граница од 5 милијарди евра задолжување е пробиена, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Вели дека граѓаните се во страв и грч за својата иднина и иднината на своите семејства. 

„Во само првите три месеци годинава државата е задолжена за нови 300 милиони евра. Секое едно семејство е задолжено за нови 600 евра, или, едно четиричлено просечно семејство е задолжено за над 10.000 евра од вкупниот долг на Република Македонија. Секој еден човек во нашата држава, секој граѓанин има долг од над 2.500 евра според вкупниот долг на државата. И тоа само затоа што Владата на СДСМ и Зоран Заев не знае да располага со државните пари и секојдневно се задолжува. СДСМ ги задолжи граѓаните за над 5 милијарди евра, а нема инвестиции, нема нови работни места, нема повисоки плати и пензии, нема повисоки стипендии за студентите, нема нови студентски домови. Додека пак едноставно нема ништо капитално како проект реализирано од Владата на Зоран Заев. Заев и останатите од картелот не кажуваат каде завршуваат и каде се инвестираат парите кои што тие ги задолжуваат граѓаните. Во меѓувреме, додека психолошката граница на задолжување помина од 5 милијарди евра, трошоците за живот се се поголеми, а цените на мало растат. Тоа секојдневно ни го потврдуваат и граѓаните кои што не сретнуваат, дека животот е значително поскапен за разлика од пред една година, односно поскапен откако дојде СДСМ на власт. Граѓаните немаат повисоки плати и пензии, а трошоците за живот се се поголеми“ - вели тој. 

Додава дека цените на мало во април годинава се зголемени за 3% во однос на април лани, додека пак вкупните трошоци за живот се зголемени за 1.4%“. 

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?