20 Декември, 2025
0.0452

ВМРО ДПМНЕ со манифест предлага попис за олеснување на меѓуетничкиот дијалог

Објавено во: Македонија 02 Април, 2017 17:28

Добивај вести на Viber

Партијата на Никола Груевски денеска објави Манифест за како што велат единствена Република Македонија.

Членовите на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски, Никола Попоски и Илија Димовски во улога на говорници ја запознаа јавноста со она што веќе таа убаво го знае.

Ветувања за правна држава, економски напредок, владеење на правото, добрососедска политика беа дел од нештата кои тројцата функционери на партијата на екс премиерот ги соопштија со цел како што велат обединувачка замисла за државата.

Нивната мисија според манифестот е  да обезбедат иднина на народот во демократска, унитарна, политички стабилна, праведна, напредна и пазарно ориентирана држава - Република Македонија, каде претприемништвото е движечка сила, а ние сме сплотени како дел од нашето пошироко Европско семејство.

ВМРО-ДПМНЕ преку овој манифест предлага преку дијалог, отворените прашања да се решаваат во институциите, за како што се вели, најефикасна заштита од надворешните влијанија предлага да се создаде долгорочна политичка стабилност со измена на изборниот систем, а за олеснување на меѓуетничкиот дијалог, ВМРО-ДПМНЕ предлага попис на населението според стандардите на Еуростад или ООН.

Во објавениот манифест партијата на Груевски уверува дека македонскиот јазик овозможува интеграција на сите граѓани во едно општество без разлика на нивното потекло и дека обврска и богатство за сите е промовирањето на албанскиот, турскиот, ромскиот, српскиот и другите јазици.


Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти