20 Декември, 2025
0.2311

ВМРО-ДПМНЕ: Со поигрувањето со националните интереси растат апетите кај тие кои не ни мислат добро

Објавено во: Македонија 01 Април, 2017 11:10

Добивај вести на Viber

Поигрувањето и тргувањето со највисоките државни и национални интереси ги подгрева апетитите на разни структури кои не и мислат добро на Република Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

- Вчера бевме сведоци како вандали се дрзнаа да го симнат државното знаме, сред бел ден, во центарот на Куманово, на неколку стотини метри од местото каде што Заев и Спасовски се сликаа селфи неколку часа откако македонските бранители ги дадоа животите за својата татковина.

Вчера бевме сведоци дека албанскиот премиер Еди Рама продолжи со омаловажување кон македонскиот народ именувајќи не како славомакедонци и индиректно порача дека доколку Македонија не го смени името и не се избори за влез во ЕУ, како и другите држави во регионот, тогаш би се разбудиле оние идеи за промени на границите.

Тоа е истиот Еди Рама кој ги собра лидерите на албанските партии од Република Македонија и ги обедини околу Тиранската Платформа.

На општа зачуденост и осуда од сите Македонци, Зоран Заев и СДСМ позитивно се изјаснија околу Тиранската Платформа. Јавноста беше сведок на потврди од сите страни дека СДСМ се согласил на двојазичност, промена на парите и униформите. Јавноста го слушна Заев како е подготвен да отвори дебата за промена на името, знамето и химната. Граѓаните видоа дека е договорена кантонизација, а реформаторот на Заев, Зијадин Села најави и федерализација на земјата.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев е силно уценет. Знае дека ќе треба да издржува долгогодишна казна затвор и затоа мисли дека единствениот спас му е да се дограби до власт без поддршка на народот. Тој и криминогеното раководство на СДСМ мислат дека ќе избегнат долгогодишни затворски казни доколку ги распродадат највисоките државни интереси и се согласат на целосно разнебитување на Македонија, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти