Добивај вести на Viber
Популарните пластични папучи, познати како „кроксерки“, кои во голем дел од продавниците и пазарите се продаваат и кај нас, се токсични.
Германската државна телевизија направила тестирање на разни производители и дошла до шокантно откритие дека кломпите се полни со многу токсични и канцерогени хемикалии кои влегуваат во телото преку кожата. Cтанува збор за имитацијата на овј бренд, а не на оригиналите.
Коктелот од опасни супстанции се присутни во сите пластични папучи, без оглед на цената. Во овие популарни папучи има големо присуството на полициклични ароматични јагленоводороди, кои се многу канцерогени. Од десет тестирани различни видови на овие папучи во шест од нив ги има овие соединенија во многу повисоки нивоа отколку што е препорачливо. Оригиналните „кроксерки“ немаат штетни материи, но во нив има присуството на двете растворувачи кои можат да предизвикаат иритација на кожата и алергии.