17 Јануари, 2025
0.0276

Внимателно во Охрид, крадци од цела Македонија „оперираат“ по плажите

Објавено во: Мои пари 25 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Плажите и паркинзите се мета ма охридските крадци. Во летните месеци расте бројот на кражби поради зголемената фрекфенција од луѓе вдолж охридско-струшката ривиера, истакна портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски кој го најави проектот „Превенција од кражби“ кој опфаќа широк спектар на мерки што ќе ги преземе полицијата за сузбивање на кражбите по плажите. „Во текот на минатогодишната туристичка сезона забележавме 13 кражби и една тешка кражба кои се случиле на плажите и на паркинзите околу  плажите. Токму затоа излегуваме со оваа промотивна кампања бидејќи сметаме дека е потребна едукација на граѓаните, туристите и на целокупната јавност, во насока на зголемување на нивната безбедносна култура и подигнување на свеста за поголема одговорност кон своите предмети“, забележа Димоски. Како што информираше началникот на Секторот за внатрешни работи Охрид, Зоран Сарафилоски покрај превентивното делување, полицијата делува и репресивно со примена на посебни оперативно тактички мерки кои ги презема затскриено. „Бележиме успешни резултати со овие мерки. Досега откривме многу сторители кои доаѓаат од другите градови и вршат одредени кражби во Охрид, особено за време на туристичката сезона“, нагласи Сарафилоски. Проектот „Превенцијата од кражби“ ќе се спроведува на охридско-струшкото крајбрежје со финансиска поддршка од ОБСЕ, а во соработка со велосипедската полиција и волонтерите на Црвениот крст. Летово на помош на охридските, им дојдоа и полицајци од Србија со кои заедно ќе го контролираат брегот и плажите на Охридкото Езеро.  

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение