Добивај вести на Viber
Отворена дупка долга десетина метри, а широка околу три се наоѓа на паркингот на Општина Центар, близу полициската станица „Беко“ и претставува опасност за минувачите. Дупката претходно имала заштитна ограда, но истата бидејки не била добро поставена паднала во дупката.
На само десетина метри од дупката се наоѓа градинката „13 Ноември – Јасмин“, како и основното училиште „Гоце Делчев“. Фреквенцијата на граѓани на овој потег не е мала и поради фактот што оттука минуваат сите што имаат закажано за вадење лични документи во МВР.
Фото:Плусинфо