Во Арачиново пронајдени ракети за минофрлач
Објавено во: Македонија 05 Март, 2018
Вчера биле пронајдени девет парчиња ракети за минофрлач во двор на напуштена куќа во Арачиново.
Случајот веднаш бил пријавен во полиција, а увид направил Одделот за недозволена трговија и антитероризам.
– На 4 март 2018 година во 13.40 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Џ.И. пријавил дека во двор од напуштена куќа во село Арачиново, скопско, биле пронајдени девет парчиња ракети од минофрлач, соопшти денеска МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.