Во Белгија за неколку недели омикрон ќе доминира
Објавено во: Свет 10 Декември, 2021
За неполн месец, омикрон може да биде доминантен сој во Белгија.
Во Белгија се очекува сојот омикрон да стане доминантен на почетокот на 2022 година.
Белгискиот кризен штаб за коронавирус објави дека се очекува сојот омикрон да стане доминантен во јануари или февруари, јави дописничката на МИА од Брисел.
Портпаролот на кризниот штаб, Стивен Вангихт, изјави дека за сега во Белгија омикрон сојот претставува еден до два отсто од сите заболени од коронавирусот, но дека во текот на јануари или февруари 2022 сојот би можел да стане доминантен во државата. Новиот сој се појавил кај патници кои се вратиле од Египет, Турција, Дубаи и Чешка. Но, сојот е детектиран во едно училиште во Белгија каде не е идентификувано ниедно патување надвор од државата.
Овој сој го има во 57 земји, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).