Во Битола фатен дилер на хероин
Објавено во: Македонија 05 Април, 2018 11:28
Битолската полиција поднесе кривична пријава против осомничен дилер на хероин по што јавното обвинителство побарало и притвор.
Б.Е. на почетокот на април 2018 година од непознато лице неовластено набавил наркотична дрога „хероин“ која ја препакувал во помали пакувања и неовластено им ја нудел на продажба на лица наркозависници на подрачјето на Битола. На 04.04.2018 година со наредби од Основен суд Битола, од страна на полициски службеници биле извршени се претреси во домот и во местото каде што престојува пријавениот.
При претресите биле пронајдени една најлонска кеса, во внатрешноста со повеќе мали кеси со различна големина спремни за пакување на наркотична дрога и едно поголемо пакување со наркотична дрога „хероин“ обвиткана со селотејп, информираат од МВР.
Пронајдениот материјал бил одземен и доставен на вештачењe, при што било утврдено дека одземениот материјал со маса од 243 грама претставува хероин. Од страна на судија на претходна постапка на Б.Е. му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




