18 Мај, 2024
0.0907

Во Брисел денес ќе се решава за можно суспендирање на шенгенот поради Грција

Објавено во: Балкан 04 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

За време на министерскиот состанок на ЕУ денес во Брисел е можно да биде донесена одлука за укинување на Шенгенскиот договор. Тоа е една меѓу драстичните одлуки што може да биде донесена, соопштува британското издание "Фајненшл тајмс" .

Ако овој предлог биде прифатен, Европската комисија ќе може да затвори една или неколку надворешни граници за период од 2 години. Тоа практично ќе значи воведување на гранична контрола слична на онаа која беше воведена уште во крајот на летото од Германија и Австрија.

Министерската средба во Брисел доаѓа по повторените предупредувања кон властите во Грција и повиците до Атина да го преиспита својот став во однос на мигрантите и да побара помош. Во спротивно ќе се соочи со исклучување од Шенген, пишува уште весникот.

"Фајненшл тајмс" наведува дека оваа мерка може да влијае на уште една држава. Предлогот за укинување на Шенгенскиот договор е поднесен од Луксембург.

Потсетуваме дека од почетокот на оваа година Грција примила на своја територија над 700 000 мигранти. Податоците беа обелоденети од Високиот комесар за бегалци на ОН на почетокот на оваа недела. Огромен дел од овие мигранти беа транспортирани до македонската граница од властите во Атина со автобуси и возови.

Македонија веќе две недели не допушта на своја територија економски мигранти. На 28 ноември властите започнаа изградба на ограда на границата со Грција.

Во исто време управувањето на високиот комесар на ОН за бегалци се сврте кон Грција да ги почитува правата на мигрантите кои во моментов се наоѓаат на територијата на земјата и сакаат да продолжат на север кон Централна и Западна Европа.

Организацијата ја изразува својата загриженост и напон од насилството на грчка територија во близина на границата со Македонија. Денес ситуацијата е напната уште повеќе, откако еден марокански мигрант загина во несреќен случај.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел