Во четврток ќе се одржи 22-рото Бизнис Кафе Македонија
Објавено во: Мои пари 27 Март, 2017 09:34
Во четврток на 30.03.2017 г. од 18:00 чaсот во Brick bar во Парк Хотел и Спа ќе се одржи 22-рото по ред Бизнис Кафе Македонија.
Гости на настанот ќе бидат: Марин Докузовски - моментален тренер на КК Работнички, поранешен македонски професионален кошаркар и поранешен селектор на Машката кошаркарска репрезентација на Македонија, Вера Милошевска – Јосифовска –„Љубојна“ и Муарем Муртезани - Сопственик и Генерален Менаџер на компанијата „Алма-М" Дооел Скопје.
Дружењето трае 2-3 часа. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speed dating) и дружење.
Учесниците на бизнис кафето добиваат Нескафе (ладно и топло) и флаширана вода од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.
НЕ заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speed dating – от!!!
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




