Во четврток се оддржува 22-то по ред Бизнис Кафе Македонија
Објавено во: Мои пари 27 Март, 2017 14:22
Овој четврток (30.03.2017 година), со почеток од18:00часот воBrick bar воПарк Хотел и Спа, ќе се оддржи новото, 22-ро по ред издание на најелитниот бизнис настан во државава – Бизнис Кафе Македонија.
Своето животно и бизнис искуство со присутните овојпат ќе го споделат Г-диин Марин Докузовски – моментален тренер на КК Работнички, поранешен македонски професионален кошаркар и поранешен селектор на Машката кошаркарска репрезентација на Македонија, Вера Милошевска – Јосифовска од музичката група „Љубојна“ и Г-дин Муарем Муртезани – Сопственик и Генерален Менаџер на компанијата „Алма-М” од Скопје.
Настанот како и вообичаено е предвиден да трае од 2 до 3 часа. Првиот дел е резервиран за говорниците кои во опуштена атмосфера и низ прашања од модераторот и посетителите споделуваат свои бизнис искуства и научени животни лекции кои им помогнале успешно да го развијат својот бизнис и да ги пребродат сите препреки кои попатно им се појавиле а потоа е предвиден дел за неформално дружење и нетворкинг меѓу сите присутни.
Карти за настанот може да се резервираат преку Купи Карти за Се на следниовЛИНК (https://goo.gl/2qLVU5), на фактура со претходна резервација на маил: mkbizniskafe@gmail.com или директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан).
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




