Добивај вести на Viber
Во Драчево денеска свечено ќе биде отворен Паркот на бранителите со меморијална фонтана, изграден во чест на загинатите бранители од конфликтот во 2001 година.
Паркот, кој почна да се гради во почетокот на годинава, се протега на површина од 1.225 квадратни метри, а во централниот дел е сместена шестоаголна армирано-бетонска фонтана. На секоја од шесте страни поставена е спомен плоча со името на секој загинат бранител. Во централниот дел на фонтаната е поставена скулптура во бронза во форма на војник, висока три метри.
Од општината истакнуваат дека со меморијалната фонтана ќе им оддадат почит на шесте бранители од Кисела Вода кои загинаа во конфликтот од 2001 година.