18 Мај, 2024
0.0400

Во Европа аерозгадувањето се третира како елементарна непогода, што прави Македонија

Објавено во: Економија 24 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Околу 1.200 луѓе годишно во земјава умираат од аерозгадувањето, алармираат од Институтот за јавно здравје. Трендот на пораст на смртноста од аерозгадувањето се зголемува последниве 10 години. Опасноста се зголемува особено во овој период од годината, кога и загадувањето на воздухот е најголемо. Аерозагадувањето учествува со околу 20 до 25 проценти како причина за срцеви и мозочни удари.  Мерните станици секојдневно покажуваат висока концентрација на штетните ПМ 10 честички која достигнува и до 900 милиграми на метар квадратен. Најголеми извори на загадување со тешки метали во Македонија се индустриските и урбаните активности, но конкретно воздухот најмногу го загадуваат фосилните горива, било да се контролирани или неконтролирани во домаќинствата или депониите. Згаденоста на воздухот е најголема во Скопје, Битола, Велес, Куманово. Од Градот Скопје секоја година најавуваат и спроведуваат мерки, но дали е тоа доволно?Дел од невладините организации велат дека краткорочните мерки можат само го ублажуваат проблемот со аерозагадувањето во Скопје, но за решавање на проблемот се потребни долгорочни мерки. Кога во некој град во Европа ќе се појави загадување со вредности кои секојдневно ги регистрираме во Скопје и другите градови во Македонија се сметаат за елементарни непогоди, вели во интервју за Невена Смилевска од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“.

Фактор:Институтот за здравје излезе со алармантни бројки за смртни случаи како последица на аерозгадувањето, а високата концентрација на штетните ПМ 10 честички не стивнува. Какви мерки на среден и на долг рок се потребни за справување со овој проблем?

Смилевска:Согласно Предлог планот за управување со загадувањето на амбиентниот воздух во Македонија изработен од Еко-свест и партнерските организации кои делуваат на полето на животната средина, неопходно е преземање мерки во повеќе сектори истовремено. Како пример за некои од мерките во сообраќајот, потребно е зонирање на движењето на возилата кои загадуваат над одредена граница во деновите со високо загадување, додека како постојани среднорочни и долгорочни мерки потребно е стимулирање на користењето на јавниот превоз, електричните возила и одржливиот транспорт (велосипедски транспорт и пешачење). Во мерките за домаќинствата, меѓу другото, дадени се препораки за користење на ефикасни печки доколку се гори дрво за добивање на топлинска енергија, како и користење на суво дрво кое поефикасно гори со помалку емисии во воздухот. На долг рок, неопходно е да се дестимулира користењето на огревно дрво за сметка на користење на парното греење, бидејќи на тој начин истовремено се намалуваат и аерозагадувањето и енергетската сиромаштија. Секако, и подобрувањето на енергетската ефикасност на домовите и јавните објекти, како и искористувањето на новите обновливи извори на енергија, на подолг рок ќе имаат значително влијание во намалувањето на аерозагадувањето, особено земајќи предвид дека околу 80% од нашата електрична енергија се произведува од јаглен.

Фактор:Секоја година се презентираат мерки за справување со аерозагадувањето, деновиве и Градот Скопје излезе со соопштение во кое тврди дека постојано работат на решавање на проблемот и се преземаат мерки. Но колку тие мерки и препораки имаа ефект?

Смилевска: Од мерките кои Град Скопје во моментов ги имаат наведено како предвидени за 2017 година за поздрав е планот за набавка на 50 електрични автобуси. За коментирањее на другите мерки наведени во соопштението на нивната интернет страница потребна би била поопстојна анализа на предвидениот буџет на градот за 2017 година, која засега сеуште не сме ја направиле. Во секој случај, сметам дека е неопходно да се нагласи дека доколку сакаме да се справиме со аерозагадувањето веднаш, не можеме да очекуваме Град Скопје тоа да го стори сам, туку е неопходно сите институции итно да преземат координирана акциија, секој во рамките на своите надлежности.

Фактор:Причините се лоцираат во начинот на затоплување на домовите, индустриските капацитети, автомобилите. Но колку дополнително за загадувањето на воздухот придонесува градежната експанзија конкретно во Скопје и сечата на дрвјата?

Смилевска:Според анализата која неодамна ја објави Град Скопје, прашината од неуредените површини, уличната прашина и прашината од градежните активности придонесува во вкупното аерозагадување со 19%, што секако не е процент за занемарување, земајќи предвид дека индустријата придонесува со 18%. Така што, секако е неопходно градежните активности и прашината која се емитува од нив подобро да се регулираат и да се зајакне имплементацијата на веќе постоечките мерки. Дополнително, треба да се стимулира зачувувањето на постоечкото зеленило и да се стимулира садење на ново, особено на новоизградените парцели.

Фактор: Како земјите од Европа се справуваат со загаденоста на воздухот и каде е Македонија?

Смилевска: Ситуациите кога во некој град во Европа ќе се појави загадување со вредности кои секојдневно ги регистрираме во Скопје и другите градови во Македонија се сметаат за елементарни непогоди и се преземаат активности за итно намалување - прекини на сообраќај, прекини на работа на индустрија и слични драстични мерки. Во Македонија досега веќе неколку години се случува со денови загадувањето да биде на ниво на елементарна непогода, а сообраќајот на улиците само да се зголемува. Од една страна, со оглед на тоа што 20% од загадувањето доаѓа од сообраќајот, во денови со високо загадување Градот во соработка со други институции треба значително да го ограничи користењето на индивидуални возила. Но од друга страна, никој не ги спречува граѓаните самите да одлучат наместо со автомобил да појдат на работа пеш доколку нивното работно место е оддалечено помалку од 2 км од нивниот дом, секако носејќи соодветна заштитна маска. Сепак, и ние како граѓани имаме значителен придонес во тоа што нашите градови секоја зима се меѓу најзагадените во Европа.

Т.С

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа