25 Ноември, 2024
0.0387

ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ СЕКОЈА ИЗГУБЕНА СЕКУНДА Е ИЗГУБЕН ЖИВОТ-Раскажа за Фактор д-р. Драган Клопчевски, интернистот од Дебар

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Кој не влегол внатре, не знае каква е ситуацијата. Со овие зборови го започна разговорот, д-р. Драган Клопчевски, интернистот од Дебар, кој веќе од понеделникот е прераспределен во ГОБ „8 Септември“, најголемиот Ковид-центар во Македонија, за да помогне на своите колеги во борбата против корона вирусот.

Во разговорот за Фактор се обиде од најблиску да ја претстави вистинската слика за актуелната ситуација и за секојдневието со кое се соочуваат здравствените работници во оваа болничка установа.

-Оние кои не влегле внатре, не знаат како е. Во „8 Септември“ има најголем број пациенти заразени со вирусот. Болницата од првиот до осмиот кат е преполна со болни кои имаат најтешка клиничка слика. Само деветиот кат е оставен за дијализа, се останато е ставено во функција за пациентите со корона вирусот. Секојдневно примаме нови, за жал некои доаѓаат и веднаш ја губат битката со болеста, некој и се уште не влезени, не однесени на одделенијата. Станува збор за најризичните граѓани со многу други коморбидитети. Со претходно тешка здравствена состојба, со брохопневмонии, хипертензија, бубрежно болни пациенти, со дијабетес. Доаѓаат предоцна поради стигмата, да не бидат обележани дека биле заразени, но вирусот коси, не смее да се чека, не смее да се крие, вели д-р. Клопчевски.

Прераспределен е на одделението за интензивна нега, за што д-р. Клопчевски појаснува дека станува збор за една макотрпна, слика, крајно динамична, која постојано се состои во спасување човечки животи. Никогаш претходно не било вака, вели тој.

-Не ги броиме работните часови. Не се ни размислува за тоа, бидејќи тука секоја изгубена секунда, значи изгубен човечки живот. Ги следиме пациентите од час во час, развојот на болеста, секоја фаза на влошување, мора веднаш да се реагира, да се спаси пациентот. Наше е само да ја облечеме заштитната медицинска опрема, скафандер, два пара ракавици и да побрзаме да одговориме на сите потреби на пациентите. Истовремено, пак, на секоја фаза на подобрување на здравствената состојба, се радуваме заедно со пациентите, раскажува нашиот соговорник.

Во целата оваа трка да се победи корона вирусот, како што вели, постојано се менува терапијата на пациентите. Се даваат антималарици, антихив терапија, антикоагуланти...Последниот лек, кој земјава го доби како донација од јапонската Влада, Авиган, за 100 пациенти, и покрај тоа што е оценет од голем број светски експерти, сепак треба да се постапува многу внимателно, бидејќи, како што појаснува д-р. Клопчевски, тој лек дава контраиндикации кај пациентите кои имаат кардиоваскуларни заболувања.

-Најиделна терапија во мометов за тешко болните пациенти од Ковид-19 е примањето ковалесцентна плазма. Би било одлично многу повеќе да се разбуди хуманоста кај оние кои го преживеаа вирусот и да донираат, за да спасиме други човечки животи. Инаку, една од најсовремените методи е хемофилтрацијата. Станува збор за посебен апарат со чика помош целосно се филтрира крвта на заболените, со што практично се чистат сите продукти на Ковид-вирусот и сите негови нус појави од човековиот организам. За жал во земјава има само еден ваков апарат. Што се однесува до вакацината, по која цел свет е во потрага и на неа работат најистакнати светски научници, би можел да кажам дека ќе треба уште време за нејзино масовно производство. Пред се заради тоа што еволуцијата на корона вирусот е со невидена брзина. Веќе се зборува и за голем број подтипови, односно за Ковид-18, па така ако веќе создале вакцина против Ковид-19, таа нема да дејствува на Ковид-18. Ќе треба време за ова, истакнува д-р. Клопчевски.

Истовремено, тој нагласува дека и излечените пациенти имаат тешки последици. Закрепнувањето на организмот на оние кои успеале да се изборат со болеста е долготрајно и макотрпно. Потребни се години, како што ни појаснува, сите антивирусни лекарства кои биле примени во текот на лекувањето да ги исфрли организмот.

-Лекарствата кои ги примаат болните се крајно токсични. Коритико терапиите, антивирусните медикаменти, сето тоа прави една бура во човековиот организам. Страдаат бубрезите, а самиот вирус пак остава фиорински наслаги во алвеолите, па тие не се во состојба да даваат природна вентилација кај човекот. Последните студии кои ги читав, се дека остануваат уништени дури 70 % од белите дробови кај пациентите кои преживеале. Тоа е навистина тешка, многу тешка состојба, вели во разговорот, интернистот од Дебар.

Под ова име, всушност го знаат сите, бидејќи д-р. Клопчевски, чие работно место е во Дебар е првиот специјалист интернист кој влезе во затворениот град и повеќе од два месеца лекуваше и спасуваше животи. Само во карантински, град како што ни раскажува, во кој никој ниту влегува, ниту излегува, каде граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките дадени од страна на здравствените работници, може да извојуваме победа над епидемијата.  

Анита Буховски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче