Во иднина за работните места нема да се бара факултетска диплома
Објавено во: Економија 16 Мај, 2013
Ако се погледнат проценките на американскиот завод за вработување, листата на најбрзо растечките дејности во САД не бара дипломи. Таа, напротив го покажува она за што веќе долго се пишува: дека најбрзо растечки сектори се за здравствена нега и сервисните услуги.
Многумина производните и административните дејности ширум светот последните години ги елиминираа благодарение на технологијата, па на пазарот се јавува потреба за работници кои поседуваат поинакви знаења.
Се работи за т.н. дејности на иднината, а дебатата се уште трае за тоа дали тие дејности на иднината ќе бараат високо образовани кадри, како што често се тврди, или „тезгаџии“, пишува соработник на американското списание Форбс.
Најбрзо растечки сектори
Имено, ако се погледнат проценките на американскиот завод за вработување, листата на најбро растечките дејности во САД не бара диплома. Таа напротив, го покажува она за што веќе долго се пишува: дека најбрзо растечки сектори се за здравствена нега и сервисните услуги (при тоа не се мисли за сервисирање на компјутери). Најмногу дејности кои ќе растат до 2020 година се однесуваат на домашните здравствени негувателки, потоа биомедицински инжинери, а потоа керамичари, ѕидари, паркетари, армирачи, водоинсталатери, итн...
- Поентата е: дејностите за во иднината се со ниски вештини ако ги дефинирате тие вештини, се што не бара факултет. Да се биде добар столар или добра медицинска сестра бара вистински ум (вистински, не само научено од книга), тешка работа и преднаост – наведува соработникот на Форбс, па предлага во иднина да се дефинира кои дејности бараат факултетско образование – како на пример медицински техничари кои работат на некои дијагностички апарати.
Преквалификувани и преусовршени
Во таа смисла важно е да се наведат податоците од анкетата која ја објави Гласот на Америка, дека иако невработеноста меѓу Американците со дипломи е ниска, четворица од секои десети млади се со дипломи, бидејќи се преквалификувани или преусовршени за дејностите кои ги вршат. Разочарани се бидејќи тие дејности, како на пример во малопродажбатам не донесуваат плати на кои се надевале.
Гласот на Америка наведува дека американските училишта мака мачат за да одат во чекор со побарувачката за нови вештини потребни за технички професии кои не постоеле до пред неколку години.
- Само во последните пет години настанаа нови кариери на подрачја како здравствена информациска технологија, сајбер безбедност, геопросторни системи... подрачја кои пред десет години не постоеја. Да се подготви некој за работа која се уште не постои е многу тешко – коментираше претседателот на колеџот Northern Virginia Community Роберт Темплин.