30 Септември, 2024
0.0278

ВО ИГРА Е И НАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА ТОПЛИНСКИТЕ КОМПАНИИ: Владата им понудила кредит, може и да ги преземе

Објавено во: Економија 11 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Владата обезбедила пари од Развојната банка на Македонија кои ќе му се понудат на БЕГ за набавка на гас и веќе им се понудени, но за тоа БЕГ како приватна компанија треба да понуди гаранција со која ќе го обезбеди кредитот, според пазарни, банкарски услови. Ова синоќа го соопшти претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кој е и мандатар на новата Влада зборувајќи за кризата со топлинската енергија. Рече ако тоа не се случи, тогаш се разгледува опција за времено прземање на работењето со компаниите во Скопје кои се задолжени, согласно своите лиценци, да обезбедат топлинска енергија на граѓаните на Град Скопје. Вели дека Владата немало да дозволи граѓаните да останат без парно греење во зима. 

Ковачевски вели дека според законите, топлинската енергија и БЕГ, односно целата инфраструктура за затоплување со парно греење е во надлежност на Град Скопје.

„Град Скопје треба да биде свесен дека треба и тие да предвидат мерки, кои очигледно не се предвидени во рамки на нивниот буџет за справување со оваа криза. Без оглед на тоа, веќе во Владата економскиот тим одржа состанок на кој се разгледа ситуацијата и прво сите владини институции веќе плаќаат цена за топлинска енергија по пазарни услови, што значи според цената на гасот која ја набавува операторот на системот во Град Скопје, изјави Ковачевски.

И министерот за економија, Крешник Бектеши за ТВ24 изјави дека Владата ги разгледува сите опции за решавање на проблемот со греењето, меѓу кои и привремено раководење со компаниите кои ги снабдуваат граѓаните со парно, потоа директни субвенции, а во игра е и национализација на топлинските компании.

„БЕГ и ЕВН не се во државна сопственост, не можеме да ги субвенционираме директно, ние можеме да создадеме услови тие да добијат пари преку кредити од Европската банка за развој, но исклучиво со банкарска гаранција, за да бидеме сигурни дека утре тие средства ќе се вратат. Без никаква гранција дека тие пари ќе се вратат никој нема да дозволи финансиска помош, изјави Бектеши, на Телевизија 24.

Во однос на енергетската криза, Ковачевски уверува дека производителот на електрична енергија во државата – ЕСМ добила јасна задача, да ги пушти во погон, односно да воспостави производство во сите расположливи капацитети. Во моментов ЕСМ произведува со два блока, во тек е пуштање и на третиот блок во РЕК Битола. Пуштена е во погон и електраната во Осломеј, „КОГЕЛ“ веќе работи, а се работи на пуштање на вториот котел во Неготино. Со тоа се задоволени сите потреби на „ЕВН Хоум“, кои ги задоволуваат потребите на граѓаните.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи