ВО КОВИД-ЦЕНТАРОТ КОЗЛЕ СМЕСТЕНИ 11 ПАЦИЕНТИ: Сите се со потешка клиничка слика
Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2020
Во новиот Ковид-центар, Институтутот за белодробни заболувања кај децата „Козле“, кој од неделата беше пренаменет и за возрасни пациенти болни од коронавирусот, веќе се сместени 11 лица.
Иако првично беше речено дека таму ќе бидат хоспитализирани оние граѓани кои имаат потреба од болнички прием, но само со лесна клиничка слика, директорот на болницата, д-р. Ангелчо Андоновски за Фактор информира дека пациентите се во потешка состојба.
- Во „Козле“ веќе имаме 11 пациенти. Тие се префрлени кај нас од ГОБ „8 Септември“ и до Клиниката за инфективни болести, односно четворица се од болницата „8 Септември“, а останатите од Инфективната клиника. Пациентите се на возраст од 46 до 83 годишна возраст, вели д-р. Андоновски.
А.Б.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.