25 Ноември, 2024
0.0334

ВО „КОЗЛЕ“ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ 20 ВОЗРАСНИ ПАЦИЕНТИ СО КОВИД“: Двајца се на кислородна поддршка

Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Во Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“ се сместени 20 пациенти кои болнички се третираат од Ковид-19, а има и 3 дечиња за кои се уште се чекаат резултати, изјави директорот на Институтот, д-р. Ангелчо Андоновски, кој заедно со министерот за здравство, Венко Филипче направија увид во актуелната состојба во оваа болничка установа.

- Двајца од пациентите се на кислородна поддршка, а тие се на возраст од 41 до 85 години, во текот на денот можеби ќе бидат донесени и повозрасни. За три од децата кои се сместени тука се чекаат резултати од ковид-тестовите, а две се во добра здравствена состојба и се чекаат нивните резултати за да видиме дали ќе бидат отпуштени на домашно лекување, истакна д-р. Андоновски.

Во овој период, како што изјави Андоновски, овој Институт функционира со помош на  тимови од Клиниката за инфективни болести и со интернисти.

-Конкретно има 10 интернисти и двајца професори-специјалисти инфектолози. Оваа болничка установа, која од неодамна е Ковид-центар, ќе биде засилена дополнително и со нашоте колеги од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза во рамки на Клиники „Мајка Тереза“. Ги очекуваме уште во текот на оваа недела, рече Андоновски.

Тој посебно нагласи дека секој симптом што ќе се почувствува би требало да биде аларм за пациентите веднаш да се јават на лекар и да не бараат помош кога состојбата им е крајно влошена.

-Не значи дека не може да му се влоши состојбата на пациент кој ќе дојде тука со лесна или средна тешка клиничка слика, но сепак, пациентите не смеат да чекаат да се јавуваат на лекар кога им е најтешко. Само доколку навреме побараат лекарска помош може правилно да бифат тријажирани, дијагностицирани и третирани за да нема несакани последици, вели Андоновски.

А.Б.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени