18 Јануари, 2025
0.0261

Во Македонија 56.169 станови се под хипотека

Објавено во: Мои пари 22 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Вo Македонија вкупно 56.169 стана се ставени под хипотека, а нивната вкупна вредност е 1,6 милијарда евра. Ова бројка е нешто помалку од 10 отсто од вкупниот број станови во земјава според податоците од последниот попис во 2002 година.

Во најголем број случаи хипотеките ги држат банките, а помалку од 5 отсто се кај приватни лица или компании. Според бројките до кои дојде „Дневник“ од Агенцијата за катастар, најмногу станови под хипотека има во Скопје, каде што и најмногу се гради. Во главниот град се заложени 29.238 стана, следува Битола со 2.668 стана ставени по хипотека, па Куманово, каде што кај банките под залог се ставени 2.663 стана, пишува „Дневник“. Становите најчесто се заложуваат при земање кредит како гаранција, но сите се ставани под залог во различен период. Кај некои хипотеките стојат и по повеќе од една деценија, колку што е потребно да се исплати, на пример, еден станбен кредит. И покрај обидите, „Дневник“ не успеа да обезбеди податок колку од хипотеките што ги држат банките се активирани по последниот период, во бројки, односно колку од заложените станови им се земени на сопствениците. Банкарите тврдат дека од почетокот на кризата одзеле повеќе имот споредено со претходниот период, но дека бројот не е драматично зголемен. Листата што ексклузивно ја има „Дневник“ покажува оти во речиси секој град има станови под хипотека. Најмалку се заложени во Демир Хисар, 39 стана, во Кратово под хипотека се 85 стана, а во Македонски Брод 77 стана. Освен во Скопје, Битола и во Куманово, градови со најмногу станови под хипотека, по неколку илјадници станбени единици се под залог и во Струмица - 2.248 стана, Кавадарци - 2.148 стана, Прилеп - 1.696 стана, Гевгелија - 1.749, а во Охрид 1.503 стана. Сепак вкупниот број заложени станови варира по градови во зависност од вредноста на станбениот квадрат и од големината на становите. Во земјава сите 56.169 стана под хипотека вредат 1,6 милијарда евра или секој од нив по речиси 30.000 евра. „Во последниот период расте задолженоста на граѓаните, па се зголемува и бројот на становите под хипотека. Во вкупната бројка на заложени станбени единици влегуваат и тие од објектите што се во изградба, а за кои инвеститорите побарале кредит. Станови се заложуваат и за сите видови банкарски позајмувања, но тоа не е проблем, освен кога поради неможност за враќање, хипотеката треба да се активира“, вели Сеад Кочан, од градежна комора при Сојузот на стопански комори. Од градежните компани потврдуваат дека во последниот период повеќето од граѓаните што купуваат станови ги плаќаат со кредит и во исто време ги ставаат под хипотека. „Ние соработуваме со неколку банки и имаме целосна доверба. Банките со кои работиме им прифаќаат и одобруваат кредити на клиенти со впишување хипотека, дури и на станови во изградба. Во повеќето случаи новите станови се купуваат со кредити за кои се гарантира со самиот објект“, вели Драгана Чифлиганец од градежната компанија „Адора инженеринг“.      

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение