ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПРИСТИГНАТ 500.000 ВАКЦИНИ СИНОВАК: Има само 51 процент ефикасност, но има друга голема предност, образложува д-р. Петличковски
Објавено во: Македонија 19 Април, 2021
Во попладневните
часови денеска во Македонија, од софискиот аеродром ќе биде донесена пратка со
10.000 вакцини од фармацевтската компанија Фајзер/Бионтек, уште 10.000 дози
треба да пристигнат следниот понеделник. Здравствените власти најавија дека до
крај на април се очекуваат поголеми количини вакцини и од сотанатите
производители. Сите 200.000 вакцини „Синофарм“, како што најави министерот за
здравство Венко Филипче ќе пристигнат околу 28 април, а најголема количина се
очекува во почетокот на мај, кога треба да пристигнат дури 500.000 кинeски вакцини,
но „Синовак“. Според досегашните расположиви податоци, оваа вајцина надминува
едвај 50 проценти ефикасност, онолку колку што е потребно да ја признае за
употреба Светската здравствена организација.
И претходно е неколкупати укажано дека кинеските вакцини, значително се разликуваат од останатите, пред се тие серРазвиени на познатиот традиционален начин, и се наречени неинфективни вакцини, што значи дека користат мртви делови на вирусот кои се изложени на имунолошкиот систем без ризик од посериозен одговор на болеста.
Во разговор за Фактор, директорот на Институтот за имунологија, д-р. Александар Петличковски во однос на вакцината „Синовак“ вели дека за неа постојат и аргументи за и аргументи против.
-Секоја вакцина придонесува во олеснувањето на клиничката слика, а во однос на кинеските вакцини, каде ефикасноста во клиничките студии не е толку висока како што е кај останатите, има друга позитивна страна. Тоа е што вакцината се создава во одговор на комплетниот вирус. Не е изолирано создавање само на антитела кон спајк протеинот, туку се создва одговор кон различни антигени. Тоа е добро, бидејќи по извесен период, на пример по 6 месеци, по година дена, односно кога ќе се појават различни, некои нови соеви, во принцип кинеските вакцини, и двете се на база на инактивирани умртвени делови од вирусот, па и двете кинески вакцини, со таа технологија на вакцини овозможувааат пошироко препознавање или препознавање на повеќе различни соеви. Сите соеви имаат по некоја разлика, но не се комплетно различни од почетниот сој. Тоа е предноста на кинеската вакцина. За следните соеви може, кај што ќе се намали ефикасноста на другите модерни вакцини насочени само кон еден антиген, ефикасноста на оваа кинеска вакцина нема да се намали, ќе остане на истото ниво, истакнува д-р. Петличковски.
Инаку, вакцината „Синовак“, најмногу се употребува во имунизацијата на населението во Турција и во Бразил, а токму бразилскиот институт „Бутантан“, неодамна направи голема клиничка студија за ефикасноста на „Синовак“ и покажа дека е ефикасна против т.н. бразилски сој.
Имено, биомедицинскиот институт „Бутантан” од Сао Паоло, кој ја тестираше и сега ја произведува вакцината „КоронаВак” од кинеската компанија „Синовак Биотек ДОО”, пред десеттина дена соопшти дека студија спроведена на 12.400 волонтери во Бразил открила дека вакцината е 50,7 проценти ефикасна во борбата против варијантата П1 и помалку распространета варијанта, позната како П2.
Во Македонија, од почетокот на имунизацијата се вакцинирани околу 35 илјади граѓани, од кои околу 13 илјади ја примиле вакцината на Астразенека, нешто помалку од три илјади има од руската Спутник V и околу илјада од кинеските вакцини „Синофарм“. Иако неофицијално, бројката на вакцинирани кај нас сепак е околу 45.000, бидејќи голем дел од граѓаните уште кон крајот на февруари и во март одеа да се вакцинираат во соседна Србија. Најмасовно беше точно пред три недели, кога само за еден викенд беа вакцинирани околу 10.000 Македонци во Белград и во Ниш.
Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.