Во Македонија се плаќала четири пати поскапа струја на слободниот пазар

Објавено во: Економија 18 Мај, 2023 07:45
Илјадници компании со над 50 вработени или вкупен годишен приход од над 10 милиони евра, принудени да купуваат електрична енергија на слободниот пазар, минатата година во просек плаќале струја по 262,3 евра од мегаватчас. Тоа е четири пати повисока цена во однос на 2020, последната година која не беше зафатена од енергетската криза. Ова го покажува пресметката на Регулаторната комисија за енергетика во својот извештај за 2022. Од тука, може да се најде еден од одговорите за галопирачката инфлација во земјата и општиот пад на животниот стандард.
„Просечната продажна цена на електрична енергија од трговци/снабдувачи на пазарот на големо во 2022 година изнесувала 16.131,9 ден. за MWh, односно 262,3 евра за MWh и е за 188,36 проценти повисока од цената во 2021 година (5.594.2 ден. за MWh; 90,96 евра за MWh), односно за 400 проценти повисока од соодветната цена во 2020 година што изнесувала 3.220,1 ден. за MWh, односно 52,34 евра/MWh“, пишува во извештајот на Регулаторот.
Вкупното количество на електрична енергија, коешто било тргувано на пазарот на електрична енергија на големо во 2022 година изнесува 3.148.066 мегавати и бележи голем пад од 27,48 отсто во однос на 2021 година, што се должи на штедењето, големиот број на инсталирани фотоволтаици од самите потрошувачи и злоупотребата со преминување од слободниот на регулираниот пазар.
Најголемо количество на истргувана електрична енергија на слободниот пазар има гасната централа ТЕ-ТО со 26,4 отсто учество, пред ЕВН Трејдинг, фирмата-ќерка на ЕВН за тргување, со 25,7 отсто и словенечката ГЕН-И со 17,5 проценти. На четвртото место е ЕСМ Продажба, фирмата-ќерка на АД ЕСМ, со 7,6 отсто, додека албанската ЕТМТ Енерџи со 6,5 проценти го заокружува Топ-5 пласманот за 2022.
Понудените цени биле екстремно високи дури и во ситуација кога просечната годишна увозна цена од 248,69 евра била за 13,8 отсто пониска од референтната цена на унгарската универзална берза HUPX. Самата просечна цена на пазарот од 262,3 евра била помала од годишната просечна на HUPX.
„Во 2022 година просечната увозна цена на електричната енергија е за 8,45 отсто пониска од просечната цена за базна енергија ден-однапред остварена на HUPX, исто така во претходната година просечната увозна цена била пониска од просечните годишни цени за базна енергија ден-однапред остварени на HUPX“, дополнува РКЕ во извештајот.
Доминантни снабдувачи на пазарот на мало, во кој се вклучени продажбите на големи и мали потрошувачи, во 2022 година, се ЕВН Снабдување со 43,46 проценти, ЕДС со 20,57, ЕФТ со 13,29 и новиот снабдувач на пазарот РЕС (РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ) со 7,57 отсто.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
ПРЕМИЕРОТ НА КАНАДА ЗА ЦАРИНИТЕ НА САД: Ќе формираме „коалиција од земји истомисленици“

ПОСКАПЕЛА ХРАНАТА И ПИЈАЛАЦИТЕ: Се зголемиле цените на угостителските услуги

ПОРАКА ДО МАСК И ТРАМП: Нивните противници се спремни за масовни протести

ОБЈАСНУВАЊЕ ОД АМЕРИКАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ: Откри колку ќе заработат од царините

ПАУЕЛ ГОВОРИ ЗА ЦАРИНИТЕ: Кажа какви ефекти може да се очекуваат

КАНАДА, ШВЕДСКА, ФРАНЦИЈА: Луѓето повикуваат на бојкот на американски производи

РЕПУБЛИКАНСКИ СЕНАТОРИ СЕ ПРОТИВ ТРАМП: Сакаат да му ги намалат овластувањата за царините

ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП НЕ ГИ ПРЕТСТАВУВААТ СИТЕ АМЕРИКАНЦИ: Калифорнија ќе бара да биде изземена
