ВО МОЛОВИТЕ СЕ ВЛЕГУВА БЕЗ СЕРТИФИКАТ, УКИНАТИ И ДРУГИ МЕРКИ: Се предлага нова методологија за процена на епидемиолошкиот ризик
Објавено во: Македонија 10 Март, 2022 07:46
Во трговските центри
од денеска ќе се влегува без да се поседува, односно да се прикаже сертификат
за вакцинација, откако вчера Владата ја укина мерката за задолжително
поседување КОВИД-19 сертификат за влез во трговски центри/молови. Усвоени се и другите предлози на
Комисијата за заразни болести, па така од денеска веќе стапува на сила,
сертификатот за прележан КОВИД-19 наместо 45 трае 180 дена, а укината е и
одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со
физичко присуство на работното место. Сепак, носењето маски во затворени простории и понатаму останува на сила
како антиковид мерка.
Истовремено, Комисијата за заразни болести предложи нова методологија според која ќе се следи и ќе се проценува епидемиолошкиот ризик во Македонија, но оттаму за Фактор потврдија дека вчера е направена првична презентација на тој модел, но на следниот состанок членовите на Комисијата детално ќе ја разгледаат и ќе ја дефинираат.
Сметаат дека со зголемување на нивото на имунизирано население заради вакцини и прележана болест, поголем дел од инфекциите сега поминуваат асимптоматски или со благи симптоми. Затоа во последните недели фокусот околу Ковид-19 во светот се поместува од вкупни бројки на новооткриени случаи кон број на хоспитализации и оптовареност на здравствениот систем.
-Во овој контекст, Комисијата за заразни болести предлага прифаќање на нова методологија за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик врз основа на следните индикатори: број на новооткриени случаи во последните 7 дена на 100.000 население, број на хоспитализации во последните 7 дена на 100.000 население и процент на исполнетост на здравствени капацитети во последните 7 дена. Се предлага, според овие параметри, епидемиолошкиот ризик да биде класифициран како низок, среден или висок. За секоја од проценетите состојби се предвидува сет од мерки на индивидуално и општествено ниво. На ваков начин сметаме дека според објективни показатели ќе може навремено да се проценува ризикот и да се реагира соодветно во двете насоки, и за олабавување и за заострување на мерките, појаснуваат од Комисијата за заразни болести.
Портпаролот на КЗБ, д-р Злате Мехмедовиќ за Фактор вели дека ова ќе биде алатка со која точно ќе се класифицира епидемиолошкиот ризик.
-Ако според овие параметри земјата е во низок ризик, на пример, Комисијата ќе предлага олабавување на мерките, доколку пак се случи во одреден период параметрите да покажат дека земјата е во висок ризик, иако не верувам дека тоа повторно би можело да се случи, тогаш Комисијата за заразни болести ќе предлага строги антиковид мерки. Ние одиме во насока на реласирање на мерките, односно како што ќе паѓа товарот врз болниците, како што ќе паѓа бројката на новозаразени, како што ќе се намалува бројот на искористеност на здравствени капацитети, така ќе паѓа и епидемиолошкиот ризик. Значи со ваквата алатка ќе имаме можност практично да го измериме епидемиолошкиот ризик, д-р. Злате Мехмедовиќ.
Сепак тој нагласи дека овој модел ќе треба точно да се адаптира на нашите услови, односно на условите во Македонија заради што членовите дополнително ќе ја разгледаат предложената методологија.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




