Во недела избори во Турција, тест за партијата на Ердоган
Објавено во: Балкан 03 Јуни, 2015 10:12
Турците во недела ќе гласаат на парламентарните избори кои би можеле да го преобликуваат политичкиот систем на таа земја и да ја одредат иднината на претседателот Реџеп Таип Ердоган чија партија , која сака мандат за го измени составот, сега се соочува со најголем изборен предизвик после 13 години на власт.
Изборите за нов состав на 550-члениот парламент, на кои имаат право да гласаат 56 милиони Турци, се одржуваат во критичен момент во модерната историја на оваа земја, со оглед на неизвесност која лебди над нејзиниот пат кон ЕУ, нејзината способност да контролира 1300 километри долгата граница со Ирак и Сирија, и иднината на 1,8 милиони сириски бегалци во Турција.
Ердоган , кој повеќе од 10 години беше премиер пред да стане пртседател во август 2014 , сака владеачката партија на правда и развој (АКП), чиј коосновач е тој, да си обезбеди двотретинско мнозинство како би го изменил состав и го претворил парламентарниот систем во претседателски пренесува АФП.
Главната неизвесност е поврзана со прашањето дали прокурдската Народна демократска партија , која заговара либерална социјална политика, може да го премине тешкиот праг од 10 одсто гласови колку е потребно за да ги освојат местата во 550-члениот парламент.
АКП се надева дека довербата на гласачите ќе донесат напори во изградба на нова инфраструктури и ветувања за новите проекти, вклучувајќи го гигантскиот трет нов аеродром за Истанбул, ултрабрзата железничка линија Иснабул-Анкара и нов тунел од повеќе ниво под Босфорот.
Меѓународниот институт за блскоисточни и балкански студии ИФИМЕС од Љубљана оценува дека АКП уште е фаворит и дека турските бирачи уште не сакаат да го жртвуваат Ердоган со тоа што би избрале опција која не е проверена и која би претставувала своевиден премин во неизвесна и непредвидлива иднина.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




